Растение кое ги фасцинира и лекарите: Докажано го зајакнува имунитетот и ги убива сите вируси

Добивај вести на Viber

Доаѓа од Северна Америка - домородните Американци користеле аронија како храна и како лек. По експлозијата во Чернобил, за да се ублажат последиците од зрачењето, се користеше аронијата и беше повеќе од успешно, а сè уште се користи денес за таа намена.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата спречува формирање на слободни радикали и нивен "напад" врз здравите клетки во организмот и крвната плазма, со што се забавува процесот на стареење на организмот и спречува развој на хронични заболувања.

Аронијата ефикасно го чисти човечкото тело од штетни материи и тешки метали и затоа е корисна превенција од малигни заболувања.

Многу студии покажаа дека аронијата има антиканцерогени ефекти, затоа што „убива“ голем процент на малигни клетки на тумори на мозокот, белите дробови, градите, дебелото црево и црниот дроб.

Според стандардите ORAC и TEAC, аронијата има највисок антиоксиданс ефект од сите бобинки и ореви.

Богата е со антиоксиданти, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високата содржина на антиоксиданти и витамини Ц и Е, аронијата има антивирусно, антибактериско и антиинфламаторно дејство.

Покрај споменатите витамини, скапоцениот сок од cаронија содржи и минерали како што се: калциум, калиум, манган, железо, јод, фосфор и цинк. Цинк има особено корисен ефект врз зајакнувањето на имунитетот. Антоцијанинот, кој е во изобилство, исто така, има ефект на зајакнување на имунитетот.

извор: stil.kurir