Разделба за еден знак: Хороскоп за овој продолжен викенд

Добивај вести на Viber

Овен 

Продолжениот викенд ќе ве инспирира за нови подвизи. Ова ќе биде период во кој треба да ја преиспитате самодовербата. Нека ве води разумот, наместо емоциите.

Бик

Имавте напорни работни денови, па заслужувате вистински одмор. Ве очекуваат убави вести и максимално ќе уживате во овие топли денови.

Близнаци

Ќе ви треба повеќе толеранција и разбирање. Не им се лутете на другите, тоа е затоа што сакаат да се поблиску до вас. Инаку, може да се случи поделба. 

Рак

Во деновите што следат ќе научите нешто ново за вашиот партнер. Не брзајте со реакцијата, бидејќи може да го повредите до таков степен што ќе биде тешко да ги вратите работите назад. 

Лав

Оставете во наредниов период работите да останат како што се. Не барајте непотребни предизвици. Во моментов, мирот е подобра опција за вас. 

Девица 

Прилагодени сте за покорување на врвови, но наредните денови нема да ви понудат таква опција. Останете мирни и не преземајте никакви непотребни иницијативи.

Вага 

Денови на умереност и спокојство. Уметноста може да ги изрази вашите чувства, но не ги насочува кон луѓето, особено на вашите најблиски. Може да се појават непријатни ситуации. 

Шкорпија 

Ќе добиете убав реванш за вашите напори во минатата недела. Ќе бидете пријатно изненадени . Не се сомневајте дека мора да продолжите во истиот дух.

Стрелец 

Периодов ќе бидете поактивни отколку што сте си замислиле. Бидете подготвени за одлично „трчање“ и многу преговори каде што ќе треба постојано да се прилагодувате. 

Јарец 

Ве очекуваат денови за лични достигнувања и откритија за себе. Информациите ќе ви бидат корисни и до одреден степен ќе ви дадат крилја за да започнете некоја активност што сте ја доживеале до сега како флуктуации.

Водолија 

Имате навика за двоумење. Запомнете, повеќе од се’, грижите се само во вашата глава. Обидете се да се ослободите од нив и да видите како ќе се просветлите. 

Риби 

Држете се до рутината и добро познати активности. Останете подалеку од донесување одлуки и искусете ги вашите чувства во себе. Физичката активност ќе те спаси од напнатост.