Разочарување

Добивај вести на Viber

Се разбудив. Кога не знам јазик нормално не можев да разберам за што зборуваат. Сакав да погледнам низ прозорецот, кој беше отворен, но бев изморена. Околните куќи беа далеку, имаше до оградата борови, кои правеа звучна изолација. Очекував Стив да се качи горе, но почекав извесно време, се облеков и почнав да се симнувам надолу. Го слушав Стив како ѝ кажува на Леа: „Остани уште малку, имаме работа“.

Леа ја остави чантата. Се насмеа гласно, ја соблече јакната и седна. На масата имаше повеќе чаши. Стив стави пијалак во чашите. Приближувајќи се кон вратата забележав уште двајца непознати. Едниот стоеше со камера во раката. Другиот беше црн човек, но во темнината не можев да го препознам. На скалите се појави Кире ѝ ми рече: „Тивко, те молам Вики, да не те забележат“.

Влеговме во дневната на први кат заедно со Кире и тој продолжи да ми кажува: „Работат, не им пречи“. Кире имаше неодреден поглед и продолжи: „Вики, те молам не се симнувај. Работат. Ајде те молам да се одмориш“. „Добро“ му одговорив и се качив горе.

Легнав, но не можев да го заборавам неговиот чуден поглед. Станав и нечујно се симнав долу. Се сокрив зад вратата да гледам што се случува, а тие од надвор да не ме видат.

Леа беше речиси гола. Црнецот беше исправен и таа му го шмукаше неговиот пенис толку слатко, како да лиже сладолед. Таа тоа го правеше полека, вешто, го вртеше нејзиниот јазик околу неговиот пенис од кој се сливаше течност. Стив беше над неа и одзади ја набиваше со неговиот убав кур на кој имаше презерватив. Со рацете и ги масираше градите со се градник и таа за да земе здив посилно му го лижеше на Црнецот. Акцијата продолжуваше со многу страст и изгледаше како да го прават ова секогаш. Потоа се префрли на нејзината коса. Ја галеше, па потоа, ја влечеше додека таа го лижеше црниот пенис и на светлина се прелеваа црната и белата боја. Еден човек во полутемнина со камера ги снимаше. Кире стоеше настрана и претпазливо ги вртеше очите. Тој беше цврст и крупен, прав атлет и можеше да владее во ситуацијата.

Стоев и не знаев како да реагирам. Сфатив дека тие сè снимаат и затоа имаат таков жесток секс.

Стив се префрли кај неа. Таа наизменично им ги лижеше и на двајцата. Се гледаше дека Стив почнува да свршува бидејќи во еден миг и прскаше со сперма и на Леа. Цело лице ѝ го испрска. Леа го приближи со рацете и му го лижеше на Стив. Црнецот ја крена на маса и го скина градникот кој и беше останат и почна со рацете да и ги шири нозете, да ѝ ги масира и милува. Леа го милуваше Стив со рацете. Стив почна да ѝ ги лиже градите, а црнецот неговиот огромен пенис го стави во неа. Таа ритмички се движеше, мешаше со колковите и скокаше. Играта траеше уште некое време и потоа црнецот го извади пенисот и ѝ го стави во уста истовремено свршувајќи. Се измешаа сперма, пот, сокови.

Јас бев извадена од памет. Каде дојдов и со кого? Бев во шок и едвај се качив горе треперејќи и гушејќи се во солзи.

Полека се сместив в кревет и не сакав повеќе ни да ѕирнам. По извесно време се смири сè. Мислев срцето ќе ми излезе од бес и гнев. Ми тропаше како стар часовник, кој секој момент ќе се расипе. Стив влезе во собата. Тишината беше мој сојузник. Се преправав дека спијам. Легна до мене и почна да ми ја гали косата. Не можев да издржам. Се завртив на другата страна, преправајќи сè дека спијам и тој заспа за брзо време бидејќи беше касно.

Но, ми се згади и желудникот мислев ќе ми се преврти. Грозно. Горчина ми се качуваше од желудникот нагоре, ми надојде в грло и ме гушеше. Влегов во бањата. Едвај дишев. Мислев белите дробови ќе ми експлодираат. Некако ми дојде да повраќам. Повратив малку. Сè напив вода од славината и уште повраќав. Некако дојдов до тушот и се истуширав.

Ми требаше свеж воздух. Сè облеков и слегов долу. Зедов чаша кока-кола, полека ја пиев и седев во темнината. Не знаев што да правам. Бев запрепастена од сите овие настани. Е, како песната – далечина пуста да остане, веднаш се оствари кај мене во практика. Ниту имав кому да се доверам, немав никој близок, не знаев јазик, ни дали има наша амбасада и најважното нешто немав доволно пари за да заминам.

Бев онемена. Сакав така како што сум облечена да добијам крилја, да летнам високо, највисоко и да се најдам во прегратките на моите родители и на сестра ми. Да ги гушнам и никогаш да не се одвојам од нивната топла и мила прегратка. Нема ни еден ден како што сум тука, а веќе се случуваат настани што се сериозен престап.

Јас цвеќе скинато од градина, убавица, првак на генерација, наместо да се запишам да студирам и да се дружам и уживам со врсници од мојата генерација, да се шетам, да одам по забави и кафетерии, в кино, театар, се сплеткав и се најдов во пајакова мрежа.

Оваа ситуација не води на добро, бев уверена. Меѓутоа, ако направам кавга може ќе ме избркаат. Додека да се снајдам, може и да ме убие некој. Зар некој би поверувал за Стив? Немам зборови. Очекував да ме чува како утринска роса на дланка. Колку им ветуваше на моите дека ќе се грижи за мене, дека ќе живеам како принцеза. Тука дојде и уште првата ноќ ме заборави. Се чувствував осамена, напуштена, изиграна. Леа е ламја, гадно суштество, таква беше и порано, таа не се променува, а и немам доверба во неа. Кире тука е вработен и балансира, што е нормално, си ја чува платата.

Се зазори. Гледајќи во далечината, сите варијанти за мое бегство ги разгледав. Немам шанси. Морам нешто да преземам од почеток. Што? Се напрегав и мислев дека главата ќе ми пукне. Почна да дувка пријатен свеж ветер. Јас сум задремала. Некој ме погали по раката...

ТУЃИНКА