Реализиран третиот дел од проектот ,,Поддржуваме безбедна иднина”

Добивај вести на Viber

Денес, 14.11.2018 год, компанијата Пнеуматик  повторно во соработка со Одделението за превенција при СВР-Скопје и Општина Аеродром го реализираше третиот  дел од проектот ,,Поддржуваме безбедна иднина” – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.

Повторно не движи мотивот  да ја  подигнеме  свеста пред се кај возачите, но и кај децата кои се секојдневни  учесници во сообраќајот.

Денес во основното училиште ,,Лазо Ангеловски” беше организирана соодветна обука и едукативен дел од страна на полициските службеници, кои подготвија програма адекватна за нивната возраст.

Преку интеракција со најмладите ученици се постигна посакуваниот ефект, едукација и свесност за сообраќајните правила и прописи.

Целта на оваа општествено одговорна активност предводена и од компанијата Пнеуматик, која донираше заштитни елеци на учениците  ја заокружи кампањата  ,,Поддржуваме безбедна иднина” за 2018-та година.

Според потребите на училиштето , заштитните елеци  би се користеле  од страна на учениците во текот на целата година при надворешни излети и места каде  е неопходно да биде одбележано нивното присуство во сообраќајот .

Активностите ќе продолжат да се одвиваат во текот на целата учебна година и ќе бидат опфатени и други општини на територијата на Град Скопје,бидејќи појдовниот мотив е пренесување на пораката - масовната свесност за сите  учесници во сообраќајот и зголемување на безбедноста на најмладите.