РЕЦЕПТ: Котаж пита
Со нашиот начин на живот а и поволните временски услови постојано сме во движење но скоро секогаш се трудам да јадеме дома. Што и да зготвите сигурна сум дека дома е највкусно затоа што е од рацете на една жена,мајка… а и секако знаете што сте ставиле внатре,каде сте го купиле, колку е свежо и слично. Денес им подготвив дома еден англиски рецепт со мали измени. Многу лесен и хранлив, со убава текстура. Погоден за целото семејство.
За овој рецепт ќе ви треба:
500 гр. Мелено месо (биф)
450гр. Компир
300гр. Грашок
200гр. Пармезан
50гр. Путер
Половина кромид
1 чешне лук
1 м. лажичка мајчина душица
1 м. лажичка црвен пипер
Половина м.лажичка куркума
1 лажица доматна паста
1 лажица сенф
Компирот излупете го и ставете го да се вари. На маслиново во тава продинстајте го кромидот насечкан по желба и додадете ги сите зачини, за половина минута додадете го и месото и убаво промешајте да се пропржи од сите страни. Потоа додадете ги чешнето лук, пастата од домати и сенфот,сол и бибер и со повремено мешање гответе 15тина минути. Откако компирот ќе се свари прво убаво исцедете го да биде сув, тоа е всушност и тајната на совршено пире. Испасирајте го да добиете пире и додадете ги путерот и пармезанот и убаво промешајте да се соединат сите состојки на крај посолете и наросете бибер.
Рерната вклучете ја на 200 степени. Во подлабок сад најпрво истурете го и израмнете го месото. Потоа ставете го грашокот (доколку е смрзнат обарете го 5 минути во вода што врие) и на крај ставете го пирето. Јас го ставам со слаткарски шприц, но може и со лажица.
Печете 20 мин. Додека се пече спремете некоја салата и уживајте во својот лесен и вкусен ручек
Bon appetit