РЕЦЕПТ: Највкусниот Бадников леб со или без квасец - трик од баба
фото:youtube printscreen/ domaci recepti
За најголемиот и најубав христијански празник - денот пред раѓањето на Исус Христос, Бадник - знаеме дека се одбележува со богата софра на која лебот со паричка е задолжителен обичај. Ќе ви предложиме две идеи.
Бадников леб без квасец:
500 гр. цело -зрно брашно
2 лажички сода
половина лимон
250 мл кисела вода
Сол
Во сад промешајте го брашното со содата и солта. Убаво мешајте за да се распореди содата. Додадете го сокот од пола лимон и киселата вода. Доколку има потреба и ако тестото се лепи додајте уште некоја лажица брашно. И секако не заборавајте да ставите париче. Покријте со полувлажна крпа и оставете да отстои од 2 до 4 часа. Потоа одвојте малку тесто за декорација и обликувајте топче но гледајте да е посплескано. Топчето украсете го по желба и печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Откако ќе се испече замотајте го во сува крпа и оставете го да се олади. Бидејќи е без квасец не очекувајте внатрешниот дел да биде воздушест.
Бадников леб со квасец:
375 мл. млака вода
1 лажица кафен шеќер
2 лажици маслиново масло
1 ќесичка сув квасец
400 гр. цело-зрно брашно
200 гр. бело брашно
сол
За декорација:
200 гр. бело брашно
3 лажички сол
100 мл. вода
Во млаката вода ставете го квасецот заедно со шеќерот и маслото и покријте 10 мин да се активира квасецот. Потоа додадете ги брашното и солта и замесете меко и мазно тесто. Трик од мојата супер бабичка доколку немате снага да го месите и стискате тестото тогаш 99 пати удрете го од работната маса.