Рецепт по кој полудеа сите: Како да го зачувате грозјето во тегла за да не скапува, а вкусот останува непроменет! (ВИДЕО)
Потребни намирници:
-Грозје
-вода
-шеќер
Начин на подготовка:
Исчистете го грозјето од гранките и ставете го во сад, па добро измијте го. Потоа наполнете чисти тегли со грозје до врвот. Па наполнете ја секоја тегла со вода до врвот, а потоа додадете лажица шеќер во секоја тегла.
Теглите цврсто затворете ги со соодветни капаци.
Наполнете голема тава со вода, а потоа ставете ги теглите со грозје свртени наопаку во неа. Загрејте додека не зоврие, па оставете да се вари околу 5 минути. Потоа тргнете ја тавата од оган и оставете сè да се излади.
Изладените тегли со грозје префрлете ги во шпајз или на ладно и темно место. Не ги ставајте во фрижидер.
Вака подготвеното грозје може да се јаде по неколку дена, но ви препорачуваме да почекате постудени денови, за да уживате во овој незаменлив летен вкус.
Бон апетит!
Фото и Видео: Youtube