Здравје // Рецепти
Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries
На нашата иницијатива #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин се приклучи блогерката за храна Радица Китевска, позната како Radisha's Kitchen Diaries.
Таа со сите нас го сподели рецептот за мафини со боровинки.
Состојки:
1 1/2 чаши брашно
3/4 чаша кафеав шеќер
1/2 лажичка сол
1 пециво
1 лажичка екстракт од ванила
1/3 чаша растопен путер
2 јајца
1/3 чаша млеко
1 чаша боровинки
Подготовка:
Во еден сад ги мешаме течните состојки убаво со маталка да се добие хомогена смеса, полека ги додаваме шеќерот, брашното и пецивото и повторно мешаме.
На крај ги додаваме и боровинките. Од смесата ставаме во калапи за мафини и ги печиме на температура од 200 степени околу 25-30 минути.
* Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез