Регионална конференција на FUJITSU со работилница на „Аутодеск Македонија“
Првата конференција Coffee & Cookies заедно со „Setra & FUJITSU“ се одржа вчера во Скопје. Организатор на настанот беше „Setra“, компанија која е присутна 10 години со продажба на најновите информатички компјутерски технологии на пазарот и воедно долгогодишен FUJITSU партнер. За време на настанот се одржа и работилница на која гости беа сертифицирани предавачи од „Аутодеск Македонија“ тренинг центарот (КУМЕВ БРОТХЕРС ПРОДУКЦИЈА – Авторизиран Тренинг Центар на АУТОДЕСК за Македнија, Србија и Косово), каде со помош на моќната „FUJITSU CELSIUS“ графичка станица присутните гости можеа да ги проследат најновите 3D CAD технологии во живо.
Директор на FUJITSU за Балкан, Габриел Павел, заедно со стручни претставници на компанијата и „Setra“ ги презентираа најновите технолошки достигнувања на FUJITSU во PRIMERGY сервери, ETERNUS уреди за складирање податоци и CELSIUS работни станици.
Можам да кажам дека гледам голем потенцијал на овој пазар за млади луѓе заинтересирани за употреба на нашите најнови компјутерски технологии, а подоцна тие создаваат брилијантни софтверски решенија. Нашата компанија константно работи на развојот на новите технологии, во фокус ни се хардверските решенија и имаме неверојатен напредок во изминатите 15 години, објасни Павел.
Сертифицираните предавачи од „Аутодеск Македонија“ тренинг центарот КУМЕВ БРОТХЕРС ПРОДУКЦИЈА, ги препорачуваат овие технологии за изработка на проектни решенија во било која област, градежништвото, медицината, внатрешниот и надворешниот дизајн, банкарските системи, архитектурата итн.
Тие презентираа проекти за време на работилницата изработени во рамки на најнапредната програма и обука за 3DS MAX / V-RAY, AUTOCAD 2D и AUTOCAD ЗD што опфаќа моделирање, текстурирање, осветлување, камери, рендерирање итн. Исто така за 3D MAYA и добивање оригинални сертификати од Autodesk USA.info@edukacijaanimacija.com
Во соработка со Аутодеск САД, Тренинг центарот изработи напредна програма која обезбедува висок квалитет на трансфер на знаење и искуство. Самиот софтвер кој се користи во гејминг индустријата, филм, тв, анимација, машински дизајн е еден од најексплатираните од лепезата на Аутодеск.
Оваа можност нашата компанија ја добива како официјален тренинг сертифициран центар и центар за полагање на Аутодеск Америка со лиценцата која ја имаме веќе 8 години. Со ова искуство и успешното полагање на тестот нашите тренери уште еднаш докажаа дека се во најдобра форма со големо искуство и дека се единствени на балканот кој покрај добро развиената наставна програма сега поседуваат и валидни сертификати за нивниот труд. Би напоменале дека овие дипломи докажуваат дека веќе сите наши предавачи го веривикуваат својот професионален кредибилитет, ги демонстрираат своите вештини, способности и обученост, им се враќа инвестицијата вложена во обуката и знењето, со добивање на professional дипломата стануваат претпознатливи и на светската мапа и се стекнуваат со можноста да ја користат титулата Autodesk Certification professional. Нашата компанија се гордее со тоа што во нашите редови има високо обучени и сертифицирани предавачи за програмите 3ds. MAX,Autocad,Maya. Успешното полагање на тестовите покажува дека во моментов сме најсериозна и најспремна компанија во Македонија за софтверите на AutodeskUSA, посочуваат од „Аутодеск Македонија“.
За мултимедијалниот перформанс беа одговорни КУМЕВ БРОТХЕРС ПРОДУКЦИЈА кои го „обоија“ настанот во „FUJITSU“.
#setra #fujitsu #kumevbrothersproduction