Регистриран 21 оздравен пациент: Започнува скрининг тестирање за коронавирус за лица од критични категории

Добивај вести на Viber

Денеска е регистриран 21 оздравен пациент.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 3, Битола 1 и Велес 4.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.

Покрај тоа министерот за здравство извести дека од следната недела започнува скрининг тестирање за коронавирус.
Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.

Тој потенцираше:
„Ќе имаме ново свето тројство: носење на маска, одржување дистанца од 1,5 или 2 метри и задолжителна дезинфекција на рацете. Ова се трите работи околу коишто ќе оди организацијата на целокупниот наш живот и постепеното враќање на она што го викаме нормала.“