Реновирана е Телеком продавницата во Кавадарци

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нови атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот.

Со реновирањето, Телеком продавницата во Кавадарци нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на компанијата. Продавницата има нов интерактивен продажен концепт со самоистражување низ забава, но овозможува и функционално запознавање со сите комуникациски услуги на Македонски Телеком.

Реновираната Телеком продавница во Кавадарци покрај подобрата услуга, за посетителите нуди мултимедијално искуство, кое побрзо доведува до корисничка одлука и до задоволување на индивидуалните потреби. Отсега жителите на Кавадарци, но и граѓаните од регионот, во продавницата можат брзо и лесно, сè на едно место, да го најдат она што им одговара најмногу, овозможувајќи им на тој начин беспрекорно корисничко искуство.

Со континуираните инвестиции, Македонски Телеком и натаму останува на својата стратешка определба да продолжи да обезбедува врвни технолошки решенија, предводејќи го процесот на дигитализација на општеството и истовремено водејќи грижа за задоволување на интересите на секој корисник поединечно. Компанијата е фокусирана на македонските граѓани да им се донесат најдобрите комуникациски решенија и услуги со што ќе можат да уживаат во придобивките на модерното време.