Решивме да ги згрееме дамите: Австралиските секси пожарникари повторно „жарат и палат“, со цел да им помогнат на животните

Австралиските пожарникари ја продолжија традицијата на фотографирање, која започна во 1993 година, а овој пат подготвија шест нови изданија на календарот за 2022 година. Парите од продажбата повторно ќе бидат донирани во хуманитарни цели за заштита на животните.

И додека страниците на календарот ќе ги красат слатки мачки, кучиња, коњи и други домашни животни во друштво на пожарникари, за првпат ќе го видиме летното издание на календарот во кое уживаат пожарникарите на плажа.

Заштитно лице на календарот за 2022 година е пожарникар Рики Смит.


Како и секоја година, пожарникарите ќе ги предадат средствата од продажбата на календарот за 2022 година на познатото американско здружение „Greater Good Charities“ (задолжено за подобрување на здравствените услови за луѓето и домашните миленици).


Дел од парите од продажбата ќе бидат насочени кон центрите за згрижување на напуштени животни во Австралија, но и за зачувување на природните живеалишта на егзотичните животни од таа земја.


Откако почнале да собираат донации, но и да се фотографираат, здружението „Австралиски календар на пожарникари“ собра над 3,2 милиони долари за добротворни цели.

Помогнаа на бројни болници, други здруженија за заштита на правата на децата, но и за закрепнување на државата по разорните пожари во почетокот на 2020 година.


Снимањето за следните изданија на календарот започнува во март секоја година и трае околу 6 месеци.


За можноста да се најдат на фотографијата од календарот, згодните пожарникари треба да се натпреваруваат меѓу себе, за на крајот можност да се најдат во календарот само среќните добитници.


Фото: Инстаграм/australianfirefighterscalendar