Ретро фото: Колку се промени Елена Петреска

Добивај вести на Viber

Важи за една од најнегуваните жени на музичката сцена. Пејачката Елена Петреска на социјалните мрежи често објавува фотографии од моментите кои ги поминува во салоните за убавина.

Имиџот на Петреска, која е мајка на Михаел и на Софија претрпе многу трансформации низ годините. На оваа архивска фотографија, Елена носи ултра мини црн фустан, украсен со реси. Сликана е пред околу 15 години зад сцената на еден домашен фестивал.

Елена од тогаш стана русокоса, па повторно ја врати црната боја на косата која најмногу ѝ прилега.