Ристо Вртев: Време е Македонците да тргнат напред
Без голема еуфорија, иако настапи еден од најеминентните рок-бендови во македонската историја - „Архангел“, во Скопје мина прославата за поканата и почетокот на предпристапните преговори со НАТО, за што може да се каже дека самата најава дигна повеќе прашина отколку настапот на 40-ина изведувачи во 15 македонски градови.
- Купен мир и тишина 11 години. Време е Македонците да тргнат напред. Македонија е богата земја и луѓето повеќе не смеат да бегаат од дома или да се кријат од локални силеџии и пробисвети - порача основачот на „Архангел“, Ристо Вртев, додека ги изведуваше хитовите на групата.
Според реакциите на социјалните мрежи, најмногу посетители имало во Битола на настапот на Дуке Бојаџиев. На истото место прославуваше и премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.