Ризница на симптоми и дијагнози за детски болести: Промовирана книгата на проф. д-р Зоран Трајковски
Во 17 поглавја, секое насловено по посебен водечки симптом, проф. д-р Зоран Трајковски во својата нова книга Практична педијатрискарадиологија- од симптом до дијагноза, прецизноправиелаборација на симптомите, сè до дијагноза на болестите.Книгатабешепромовиранавчеравечерво Клиничкатаболница „АџибадемСистина“. Во времекогадомашнитеавтори, докториспецијалисти и професорисèпомалкупишуваат, новото дело на проф. д-р Трајковски, еден од врвнитерадиолози и радиодијагностичари во земјава, е вредно четиво за специјализанти, студенти, доктори…
„Книгата е практична затоа што може да ја отворите и веднаш да видите тоа што ве интересира, да го видите главниот симптом и како најбрзо да се стигне до дијагноза. Педијатриска е затоа што најмногу теми се од детската патологија. Користени се најбрзи протоколи за дијагностика. Инаку, лично доста ме радува што излезе делото. Во ова време во државата сè помалку се пишува, па секоја нова книга е вредност. Концептот на пишување е невообичаен, затоа што не пишував само за радиологија и радиодијагностика“, вели проф д-р Зоран Трајковски.
Книгата има примери, фотографии, шеми и е практична литература за луѓе на специјализација по радиологија, по педијатрија, по фамилијарна медицина, за матичните доктори, за специјализација по детска хирургија, хирургија.
Промоцијата на книгата беше во присуство на доста гости, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Медицинскиотфакултет, г-ѓаСоњаТопузовска, и менаџментот на болницата.
На промоцијатазборуваарецензентите на книгата, академик Нада Поп – Јорданова, самата автор на над 400 научнитрудови, објавени во меѓународнинаучнисписанија, и почитуваниот проф. д-р Перо Петровски.