Робина е родена со 312 грама, и е силен борец за живот: Најмалото бебе си дојде дома откако помина година и пол во болница

Добивај вести на Viber

Борбата за живот на ова бебе и нејзиното враќање дома се инспиративна приказна за преживување и родителска посветеност.

Родителите на едно од најмалите бебиња во Британија го слават враќањето дома откако нивната ќерка поминала година и пол во болница. Робина, која е родена со тежина од само 312 грама, стана најмалото бебе родено во Велс.

Нејзините родители, Даниел и Шантел Чемберс од Њупорт, го опишуваат нејзиното враќање дома како „остварен сон“.

Борбата за живот на ова бебе и нејзиното враќање дома се инспиративна приказна за преживување и родителска посветеност. Нејзините родители сега преземаат 24-часовна грижа откако таа помина 18 месеци во болница справувајќи се со бројни здравствени предизвици.


„Кога ја донесовме дома, тоа беше остварување на сонот“

На Робина ѝ биле дијагностицирани неколку состојби кои бараат постојана грижа. Боледува од хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеа, а се храни со назогастрична сонда.

Нејзината мајка Шантел не ја крие среќата бидејќи нејзината ќерка конечно е дома, по долга битка во болница, а се борела и со тешко воспаление на белите дробови кое било речиси смртоносно.

„Бевме многу возбудени што ја вративме дома - тоа беше како остварен сон“, рече Шантел.


Борбата на храброто девојче се уште трае

Родителите на ова мало девојче сега собираат средства за потребните третмани, терапии и опрема потребни за нејзиниот развој.

Тие имаат за цел да соберат 100.000 фунти за да и обезбедат редовна терапија и специјалистичка опрема како што се трицикли, инвалидски колички и седишта за да и помогнат да се развие што е можно подобро.


„За малку ќе ја изгубивме во мај и беше многу тешко кога доби пневмонија, но оттогаш таа само зајакна. Во последните три месеци таа многу добро закрепна и е доволно здрава за да ја однесеме дома“, изјавила мајката на храбрата Робина, пишува Дејли Мејл.