Родена е во беда, а сѐ се променило кога го запознала Роман во 1990: Ирина Абрамович „живее во страв“ да не остане без целото свое богатство

Поради руско-украинскиот конфликт, во центарот на вниманието на јавноста се најде и Роман Абрамович, еден од руските олигарси. Санкциите многу влијаеле на имотот, но и на животот на поранешниот сопственик на Челзи, но и на неговата поранешна сопруга Ирина Абрамович.

Според Дејли Меил, 55-годишната жена моментално се крие во една од нејзините луксузни куќи во Велика Британија, и наводно живее во страв дека нејзиното богатство од 500 милиони фунти, исто така, би можело да биде предмет на санкции, имајќи предвид дека истото доаѓа од Роман Абрамович.

Не се знае точниот имот на оваа Русинка, која некогаш работела како стјуардеса, но се знае дека поседува неколку луксузни имоти, меѓу кои и куќи во Лондон, Москва, Сент Тропе и Западен Сасекс.

Да потсетиме, Ирина и Роман се разведоа во 2007 година по 16 години брак, а заедно имаат пет деца. Се шпекулираше дека по разводот ќе добие 2 милијарди фунти, но парот се развел во Русија, каде разводните спогодби и договори се чуваат во тајност. 

Но, подоцна руските медиуми објавија дека Ирина добила 155 милиони фунти, посебни суми пари за децата, неколку недвижнини, јахта и авион. Исто така, се проценува дека нејзиното богатство најверојатно пораснало на 500 милиони фунти, благодарение на нејзините инвестиции.

„Има богатство и има луксуз, а потоа тука е и имотот на Роман Абрамович. Тоа е богатство надвор од разумот. Ирина отсекогаш добивала еден тон дизајнерска облека. Таа е Имелда Маркос од Лондон", изјавил неодамна непознат извор за британските медиуми.

За медиумите се огласи и еден од членовите на обезбедувањето на семејството на Абрамовиќ, кој откри дека Ирина живее во страв. „Таа обично е во провод секоја вечер. Сега не знае каде да се обрати. Се плаши дека нејзините ОК денови се завршени засекогаш", рекол тој. 

Претходно се шпекулираше дека Ирина по разводот нашла утеха во православната црква, иако останала верна на начинот на живот на џет-сет.

„Не се согласувам дека мојот начин на живот е премногу таинствен. Да, ми недостига шоу-бизнисот, фенси сјај, но има доволно светлина во него. А таа светлина доаѓа од комуникацијата во моето семејство, средбите со пријателите, честите патувања околу светот, запознавање луѓе од различно културно потекло. Можеби нема да ме видите на јавни настани, но често можете да ме видите во црква, на изложба, во музеј или во театар. Мојот дом е секогаш отворен за моите пријатели. Повеќе сакам забави дома отколку да одам во ресторан. Многу ми е поскапоцено кога можам да ги споделам настаните од мојот живот со луѓе кои ми се духовно блиски и да бидам среќна покрај нив, да им се пожалам или да побарам поддршка од нив“, изјави Ирина во 2018 година за рускиот „Татлер“ во едно од нејзините ретки интервјуа. 

Инаку, Ирина е втора сопруга на Роман, а парот се запознал на лет за Германија, кога работела како стјуардеса. Таа потекнува од сиромашно руско семејство, а татко ѝ загинал во несреќа кога имала само 2 години, а детството и тинејџерските години ги поминала во услови кои не биле баснословни. Таа и нејзината мајка едвај имале доволно храна, а таа морала да ја носи старата облека од нејзините роднини.

Меѓутоа, со поддршка од нејзината тетка, дипломирала визуелни уметности на Московскиот државен универзитет, а подоцна успеала да стане стјуардеса на руската национална авиокомпанија „Аерофлот“ на меѓународни летови. На еден од тие летови таа го запознала Роман Абрамович во 1990 година и веднаш ѝ паднал во очи. Тој и дал визит-картичка, а останатото е историја...