Родена е во сиромаштија, а со своите 10 прсти заработи милијарди и стана влијателна жена: Осамна уште еден 5 септември, но никој не ја видел од 2017

Во еден момент, Вејонг „Витни“ Дуан беше икона на кинескиот сон. Растејќи во целосна сиромаштија, таа успеа да се претвори во милијардерка со своите десет прсти. Таа стана најголемата жена претприемач во Кина. Живееше сон. И тогаш, на 5 септември 2017 година, таа исчезна без трага. Имала 50 години и едноставно како да пропаднала во земја. Последен пат била видена на улиците во Пекинг.

Нејзиниот поранешен сопруг Дезмонд Шам ја објави книгата „Црвен рулет“ во која го објаснува случајот на неговата сопруга.

- Последен пат беше видена во нашите канцеларии во рамките на проектот „Генезис Пекинг“. Тоа беше нашето заедничко градежно вложување, вредно две и пол милијарди долари. Витни зад себе имаше еден куп други вакви проекти. И тогаш таа одеднаш исчезна - вели Шам.


Приказната за нејзиното исчезнување покажува колку е трогателно да се биде претприемач во Кина, која, иако е огромна, не дозволува премногу да се збогатиш, освен ако не сте во контакт со „вистински луѓе“. И дури и кога мислите дека сте во заштита на „вистинските луѓе“, може да излезе дека тие не се баш вистинските.

Витни потекнува од екстремно сиромашно семејство. Нејзината мајка ја носела Витни во стомакот кога побегнала од нејзиниот насилен сопруг и се омажила повторно. Продолжиле да живеат во беда. Витни не успеа да се запише на колеџ првиот пат. Меѓутоа, мајка ѝ успеала да ја запише во средно машинско училиште, со намера да ѝ овозможи на ќерка си да поправа автомобили. Витни не прифатила таква судбина. Таа продолжила да се подготвува за упис за следната година и се запишала на посакуваниот политехнички факултет. Таа заврши меѓу најдобрите од генерацијата и ја прифати западната верзија на нејзиното име.

Нејзината кариера напредуваше брзо, и брзо ги научи лекциите. Најважно е дека, за да се искачи на врвот и да остане таму, мора да знае со кого да биде добра. Витни влезе во претприемачките води во 1996 година. Секој напредок што таа сакаше да го постигне мораше да помине преку членовите на владејачката партија.

Целото земјиште во Кина е во државна сопственост. Витни, како изведувач на градежни работи, мораше да најде начини за поткуп и „подмачкување“ кога е потребно. По бројните успеси, Витни се врати во Пекинг во 2002 година и воспостави нови врски таму. Таму таа исто така се среќава со Дезмонд Шам, роден во Шангај, пораснат во Хонг Конг, успешен претприемач кој студирал во Америка и барал жена. Витни тогаш имала 36 години и исто така размислувала за брак. Тоа беше и брак и деловно партнерство.

Нивната заедничка работа напредуваше до незамисливи височини. Се дружеше со министри, претседатели на големи компании, успешни претприемачи. Зад себе ги имаа најмоќните луѓе во државата. Сепак, се испостави дека зад неа имало погрешни луѓе. Витни стана поблиска до фракцијата на партијата губитник. Потоа, во странските медиуми се појави информација дека нејзиниот близок соработник од партијата станал побогат за 2,7 милијарди долари во текот на нејзината кариера. Кинескиот народ беше бесен. Откриено е и влијанието на Витни во сето ова. Потоа, во 2013 година, Си Џинпинг дојде на власт и започна антикорупциска кампања. Витни беше дополнително компромитирана.

Се‘ пропадна на почетокот на 2017 година, кога партијата започна истрага против неа. Во септември истата година, никој повеќе не ја виде. Во исто време кога Витни исчезна, исчезна и нејзината домаќинка, а се претпоставува дека тајната полиција ја однела.

Дезмунд живее во егзил во Англија со нивниот син, кој сега има 13 години. Тој не знае што се случи со Витни - дали се наоѓа во озлогласените „црни затвори“, каде што осомничените граѓани завршуваат откако биле киднапирани од тајната полиција и каде гнијат без судење со години или повеќе и не се меѓу живите.

- Витни ме покани на патување во срцето на Кина. Секоја притока на реката не‘ носеше се‘ подлабоко и подлабоко, и се‘ повеќе се вовлекувавме во „системот“. Додека повеќето народи живеат под актите на тој систем, ние се приклучивме на системот и најдовме начини да успееме во него. И тогаш Витни ја плати цената - вели тој.


Фото: Profimedia

Од прва дама на Америка до исчезната личност: Што се случи со Меланија Трамп и зошто се губат сите нејзини траги?!