Од прва дама на Америка до исчезната личност: Што се случи со Меланија Трамп и зошто се губат сите нејзини траги?!

Добивај вести на Viber

Откако ја напушти Белата куќа, поранешната прва дама се чини дека исчезна од лицето на земјата...

Откако семејството Трамп ја напушти Белата куќа во јануари, со само неколку настапи оттогаш, јавноста е повеќе од љубопитна да открие што се случува со поранешната прва дама и каде исчезнала во изминатите шест месеци.

Гласините дека таа се разделила со Доналд, беа засилени само со фактот дека таа не се појави на прославата на неговиот 75 -ти роденден на 14 јуни.


Првата дама на Палм Бич

Меланија избегнува јавни настапи со Трамп откако Џо Бајден го смени на функцијата претседател во јануари. Меѓутоа, посетителите на нивниот имот Мар-а-Лаго на Флорида, го забележаа поранешниот модел придружуван од нејзиниот син Барон на ова место. Имено, сите тројца потоа се појавија во приватен клуб, каде добија аплауз од фановите на Доналд.

Меланија, исто така, отвори канцеларија во одморалиште во Палм Виена, а извештаите сугерираат дека планира да ја продолжи својата иницијатива „Биди најдобар“, која се фокусира на благосостојбата на децата - токму во оваа локална заедница.

Независна дама

Како и другите членови на семејството, вклучително и Доналд Јуниор и Тифани, убавата Словенка бара недвижен имот надвор од империјата Мар-а-Лаго. Кога семејството беше сместено во Љујорк, Меланија имаше свој стан, одвоен од нивниот пентхаус во Трамп Тауер на Петтата авенија, така што фактот дека таа сепак сака приватност не треба да изненадува.

Сепак, извештаите за нејзината потрага по нов дом послужија за да предизвикаат шпекулации за развод од поранешниот претседател. 

Враќање во Големото јаболко

Меланија отсекогаш го сакаше гламурозниот живот во Њујорк, а последното снимено движење на поранешната прва дама беше токму на улиците на овој град кога ја напушташе кулата Трамп. Фактот дека нејзината сестра Инес Кнаус е тука, како и нејзините родители Виктор и Амалија Кнаус - кои добија американско државјанство, сугерира дека поранешната прва дама во Големото јаболко сепак би можела да остане.

Политички извор од поранешната претседателска двојка откри дека Меланија е задоволна што поминува време со своето семејство и дека нејзиниот сопруг нема проблеми со тоа се додека е среќна, не го оптоварува и се појавува на јавни собири само кога му е потребна.


Фото: Profimedia

Нејзиниот изглед е речиси беспрекорен, а еве во што е тајната: Меланија Трамп откри до навики се придржува секој ден