Роденденот во знак на ковид-19: Миа Костова е позитивна на коронавирус

Добивај вести на Viber

„Права Влаинка фаќа корона пред роденден за да не мора да части“, се пошегува денес Миа Костова, откако вчера објави дека е официјално позитивна на коронавирусот.

„Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се“, објави вчера Костова откако дознала дека е позитивна на вирусот.
Таа пред некое време беше мета на критики од јавноста кога станува збор за групирање и забави.

Инаку Костова денес полни 36 години, но бидејќи тестираше позитивна, роденденот ќе го помине во изолација, а на Инстаграм се заблагодари за големиот број честитки и пораки за побрзо оздравување кои пристигаат на нејзина адреса. 

Костова доби преслатко изненадување од нејзиниот син: