РОДЕНДЕНСКА ПРОСЛАВА

Добивај вести на Viber

  Се вративме со Марко кај останатите. Беа седнати под оревот, пиеја сок и јадеа колачиња. Миа им раскажуваше на моите родители дека Весна правилно го избрала својот позив за фризерка, дека во дуќанот работи беспрекорно, а и дека муштериите се задоволни од неа. Низ разговор, Миа им спомена дека наскоро очекува Весна да си отвори сопствен дуќан. Александра потврдуваше сè и цело време ѝ се восхитуваше на околината и навистина беше среќна што е дојдена на гости кај нас.

  Со Марко им кажавме за мислењето од ветеринарот, но мама и тато беа подготвени бидејќи не им беше првпат да им се отели крава. Моите родители беа срдечни, расположени, разговараа и им го објаснуваа на гостите историјатот на селото, жителите од кога и каде потекнуваа, и историјатот на околината. Вечерта ги однесов на спиење во малата куќичка и тие беа одушевени од уредноста и исполнетоста со цвеќе.

  Утрото станавме подоцна. Мама станала рано и исукала пита. Цел двор мирисаше на печената пита под сач. Пиевме кафе додека се олади питата и се договаравме по појадокот да се прошетаме низ селото и наоколу. Мама ја послужи питата со кисело млеко. Јадевме сите сладејќи се од убавата пита, седејќи под длабоката ладна сенка и свежиот воздух и си разговаравме обични секојдневни работи.

  По појадокот отидовме да се прошетаме. Весна и Миа останаа дома. Пешачевме низ селските мали улички. Продолживме да шетаме надвор од селото низ малите патеки низ кои беа испреплетени мали џбунови, шумички преполни со листопадни и со зимзелени дрвја. Поминувавме врз паднати гранки преполни со плодови од ореви. До нив дрвја: бадеми, круши, тополи, багреми.

  Чудесна е природата, особено кон крајот на летото. Сама си создава колорит од бои и од мириси кои се прелеваат една во друга. Се забелуваа плодови и лисја низ густиот превез од гранки низ кои поминуваа топлите сончеви зраци од синото небо со бели облаци.

  Одозгора, одзади гранките доаѓаше пријатна мелодија, која личеше како звук од виолина. Групи славејчиња ја пееја својата секојдневна мелодија, радувајќи му се на утринскиот свеж воздух. Звучната романтична мелодија беше дополнета со тивкиот ветар, која од шумското ехо ечеше низ шумата како океански бран. Уживавме сите тројца. Јас и Марко одевме прегрнати, а Александра беше занесена од природата.

  Одеднаш некој ми викна: „Милка!“. Се свртев и ја здогледав Пале, другарка ми од детството. И таа како мене беше со друштво. Бевме другарки и таа се исели додека бевме мали. После толку години се препознавме. Ми рече: „Милка, баш вчера мислев на тебе. Не знаев каде си. Ќе доаѓав кај твоите да прашам за тебе. Но, еве ништо во животот не е случајно. Ни оваа средба. Денес ми е роденден. Ќе правам голема забава во куќата. Сите ги поканив. Те чекам вечер со пријателите да ми дојдеш. Знаеш дека кај мене не постои не можам“. Пале со нејзиниот решителен став секогаш победуваше. Ѝ потврдив затоа што навистина сакав да одиме и да се видиме со Пале.

  Таа беше со две другарки и со тројца другари. Се запознавме сите меѓу нас и еден од нив – високо, црно момче ја загледа Александра. И таа како маѓепсана се загледа во него. Двајцата се гледаа и ние почнавме да се смееме. „Љубов на прв поглед“, си помислив во себе. Го стегнав Марко посилно за раката и им реков: „Ајде, се гледаме вечер. Александра се сепна и тргна со нас. „Кој е овој, Милка го знаеш?“, ме праша Александра. „Не, но вечер ќе одиме и ќе дознаеме“, ѝ одговорив. „Да, да“, потврди Александра, на што Марко ѝ се изнасмеа, но јас со поглед го пресеков за да замолчи.

  Попладнето поминавме во подготовки. Миа ни ги среди фризурите, не нашминка, нешто од гардеробата што ја носевме искомбиниравме и вечерта блескавме. Марко беше одушевен и кажа дека овој одмор му бил најубав и најинтересен досега велејќи ни: „Се забавувам чудејќи се на женските лудости“. Ние, пак, двете во ист глас му одговоривме: „Ние сме секојдневно такви“.

Пале живееше на крајот од селото. Куќата им беше стара, но комотна, а дворот заграден со голема ограда. Седнавме во дворот. Пале ги повикала сите другари од градот во кој живееше. Имаше и неколку другари и неколку другарки од селото. Другарот на Пале, кој се загледа во Александра, а и таа во него на прв поглед, се викаше Иво и седна до неа и не мрднаа двајцата.

  Се израдував многу што ги гледам сите и ги избакнав и ги изгушкав. Марко го прашав како му се допаѓаат, а тој ми одговори: „Супер се, прави другари“. Сите беа едноставни, без препотентност, ароганција, пријатни, разговорливи. Бевме блиску, град до град, и се договоривме да се посетуваме сите и да бидеме постојано во контакт.

  Станавме да играме. Прво некоја рок-музика, а потоа нешто романтично. Марко ме покани да танцуваме. Танцуваме опуштено, во полутемна атмосфера. Лицата ни беа приближани едно кон друго, а телата ни беа припиени. Марко ме гушкаше, а и јас него. Панталоните почнаа да му се воденат од слузот и од набрекнатоста. Ми шепотеше: „Милка, штом те допрам веднаш се наелектизирам. Почнувам да се кочам, а потоа во бранови ме облива пот, не можам да издржам, а да не те допрам, мора да си моја, не можам да издржам без твојата мекост, нежност и топлина“.

  Од неговите зборови, допири и близина, бев готова да полудам. Не бев во состојба ништо да гледам. Во еден миг, ја видов Александра која танцуваше со Иво и која беше толку занесена, што освен него ништо друго не забележуваше. Марко почна да ми ги допира градите. Брадавиците под неговите раце станаа тврди како камен. Ги масираше моите гради, моите рамена. Танцувајќи, се оддалечивме и отидовме одзади куќата. Неговите раце нетрпеливо почнаа да ме соблекуваат. Ми го дигна здолништето, ги турна гаќичките и ме навали на една стара сламена столица која случајно се нашла таму.

  Својот „ѕвер“ ми го стави длабоко во мојата мокра внатрешност, која веднаш го „голтна“ до крај. Почнав да стенкам од сласт и да ги виткам колковите. На Марко едната рака му беше во мојата коса, а другата на моите колкови, кои ги држеше цврсто, плашејќи се да не му избегаат. Водевме љубов по ритамот од музиката. Марко влегуваше и излегуваше од мене сè побрзо, со сè повеќе жар. Во еден момент не издржав. Почнав да се грчам.

АНОНИМНА

Прочитајте ја и претходната епизода Селска идила