Роденденско изненадување за Маја во Државната болница: Силна порака за пријателството

Ова не е обична приказна за раскажување на патешествијата по нашите болнички лавиринти и воопшто толкување на нашиот менталитет и степенот на свесност и хуманост кај луѓето кои би требале да донираат. Ова е порака која ќе допре до сечие срце, ова е инспирација и мотив, за вистинските луѓе околу нас и големината на нивната вредност што ги имаме во животот.


Маја Рековиќ од Гевгелија боледува од леукемија, во чие име е подигнато иницијатива за барање донор за донација на соодветна коскена срж на Институт за имунобиологија и хумана генетика на Државна Клиника во Скопје.

Во декември минатата година, на Маја ѝ беше откриена болеста, а пред околу еден месец таа имаше операција за пресадување на коскена срж од нејзината мајка. Моментално таа се наоѓа во карантин во Државната болница.

Минатата недела, на 16 мај, Маја наполни 36 години, но нејзината ситуација воопшто не ја спречи да ги прими роденденските честитки од најблиските. Напротив, нивното креативно изненадување разбуди и распламни огромни емоции и солзи од двете страни, кои навистина покажаа како се негува пријателството во вистинска смила на зборот.

Исто како и со крвта, така и со луѓето. Потрагата по вистинските работи во животот, некогаш значи предизвик, и тоа со големи букви. Во животот може да видите сешто, да имате многу, да бидете се’. Но, ништо нема да ви ја наполни душата, како што можат луѓето. Оние малкуте, реалните, постојаните, вашите, само вие си знаете кои. Запомнете, човекот само од човек се полни, а оние празните навидум единствените, после оваа порака сами ќе знаат каде им е местото.

Е. Манасијева