Родените во овој хороскопски знак имаат најголема шанса да добијат седмица на лото, а овој знак џабе фрла пари на грепки

Играте игри на среќа и никогаш не сте добиле ништо? Можеби ќе го најдете виновникот во - хороскопот!

Астролозите пресметале кој има најголеми шанси за победа кога се во прашање игрите на среќа. На прво место се Рибите, кои минатата година освоија повеќе награди на лотарија од кој било друг знак. Родените помеѓу 19 февруари и 20 март освоиле 11,6% од сите добивки на лотарија. Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите од овој хороскопски знак освоиле 9,9% од добивките, а еден процент помалку се Девиците со 8,9% и Водолиите со 8,5%.

Најнесреќниот хороскопски знак е Стрелец, бидејќи само шест отсто од припадниците на овој хороскопски знак добиле џекпот на лотаријата.

Список на хороскопски знаци со процентот на победници во вкупниот број на победници:

-Риба 11,6%

-Близнаци 9,9%

-Девица 8,9%

-Водолија 8,5%

-Шкорпија 8,5%

-Бик 8,5%

-Рак 8,2%

-Лав 7,7%

-Вага 7,7%

-Јарец 7,7%

-Овен 7,5%

-Стрелец 6%