Ровки благи кифлички: Се топат во уста (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Ќе уживате во ова слатко задоволство

Состојки:

300 мл масло

150 ml топла вода

1 прашок за пециво


околу 500 гр брашно

За тркалање:

околу 200гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер



Подготовка: 

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Измешајте ги водата и маслото, истурете го прашокот за пециво и замесете, па постепено додавајте го брашното, мешајќи прво со лажица, а потоа со рака.

Тестото поделете го на 3-4 топчиња, па на набрашнета даска прво со рака формирајте сплескан круг и потоа распоредете го со сукало. На секој дел ставете по малку мармалад и ролатите кои ќе ги навиткате, наредете ги на плех со хартија за печење и веднаш печете додека не поруменат. Ако тестото е лепливо, само притиснете го со прст тука и таму; кифличките ќе бидат „ровки“ кога ќе се испечат, но шеќерот убаво ќе ги покрие.

Врелите кифлички се валкаат во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Поубави се кога ќе се изладат (покрцкави).

Извор: coolinarika.com

*пр-објава