РСС ги обединува жените претприемнички на Западен Балкан
Регионална мрежа на жени претприемнички од Западен Балкан ќе биде претставена денеска во Тирана на конференција прва од ваков тип што ја организира Советот за регионална соработка (РСС).
На крајот од настанот, на кој ќе се обратат генералната секретарка Мајлинда Брегу, еврокомесерот за доборсоседство и проширување на Европската комисија Оливер Вархеи, како и други високи гости - ќе уследи доделување на награда за жена претприемничка на Западен Балкан за 2001 година, во 6 категории.
Конкурсот беше отворен повеќе од еден месец, а победничките ќе бидат избирани од повеќе од 200 пријавени кандидатки.
Главната цел на регионалната мрежа ќе биде унапредување на партнерствата помеѓу жените претприемнички, како и да се развива дискусија за создавање на инклузивно опкружување и да се детектираат различните предизвици и потреби на жените претприемнички.
Мрежата е продолжување и развивање на иницијативата НИЕ – што е покрената од РСС пред три години, со цел зацврстување на моќта на жените претприемнички на Западен Балкан и е дел од проектот за Заеднички економски пазар.