Руска богаташка го освои срцето на Том Круз: Еве колку години е помлада од него и кој ѝ бил поранешен сопруг

Откако со години немал официјална партнерка, постои секоја можност Том Круз (61) да најде љубов во прегратките на руската богаташка Елсина Керова, ќерка на истакнат пратеник во парламентот во Русија и поранешна сопруга на олигархот Дмитриј Цетков. Парот бил забележан заедно на престижна забава во Лондон, а извори тврдат дека биле многу блиски.

„Тие беа неразделни, очигледно се пар. Тој изгледаше опседнат со неа", изјавил неименуван извор за Дејли Мејл, кој бил и самиот на забавата, за која посочува дека речиси целосно била составена од руски гости.

Изворот потврдил и дека парот се појавил на забавата околу 21 часот, и дека заедно танцувале на иста забава и си заминале дури во раните утрински часови.

„Круз беше многу пријателски настроен кон сите, тие постојано бараа да се фотографираат со него, но тој учтиво ги одбиваше. На крајот, диџејот мораше да каже на руски дека господинот Том Круз не сака никакви фотографии. Тој го помина поголемиот дел од ноќта танцувајќи со Елена, но во еден момент само се вметнал среде група други жени“, рекол извор од местото на настанот.

Елена, која е британска државјанка, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитриј Цетков, со кого имаа неверојатно богатство - вила вредна 22 милиони фунти во Сари и куќа во Лондон вредна 18 милиони фунти. Сопружниците поседувале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на скапи уметнички дела.

Нивниот бурен и тежок развод се најде на насловните страници на руските таблоиди, откако жешката 36-годишна девојка беше обвинета дека криела значителни средства од нејзиниот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и нејзината колекција дизајнерски чанти вредни милиони фунти. Таа се бранеше дека нејзиниот отуѓен сопруг е „еден од најбараните на списокот на Кремљ“.

Да потсетиме, познатиот актер не е јавно романтично поврзан со никого веќе 15 години, односно од разводот со третата сопруга Кејти Холмс. Имаше шпекулации дека се забавува со Шакира и неговата колешка од „Mission: Impossible“, Хејли Атвел, но тоа остана само гласина.

Фото: Инстаграм
Извор: zena.blic.rs