Сѐ изгледа магично: Маја Беровиќ не штедеше за првиот роденден на синот - ништо не недостасува! (ФОТО)
Пејачката Маја Беровиќ го прослави првиот роденден на својот наследник во
кафеана во Белград.
Таа се погрижи секој детаљ да биде совршен, па на својот Инстаграм профил покажа украси кои сигурно ги воодушевиле најмалите кои присуствувале на роденденската забава. Како што пишуваат медиумите во соседството, пејачката не сакала ништо да препушти на случајноста, а ангажирала компанија која се занимава со декорација.
Маја сними балони, разни украси и многу слатки, а тоа е само дел од она што пејачката го подготвила за својот син и неговите другарчиња.
Пејачката неодамна на својот наследник на Инстаграм му го честиташе првиот роденден, не криејќи дека е многу задоволна од мајчинството и дека нејзиниот син Лав, донесе среќа и радост во нејзиниот живот.
- Единствен мој, синко, моето ѕвездено небо, душата на мојата душа. Причината за мојата среќа, и за некои солзи. Моето мало совршенство без ниту една мана. Првата и најубава година со тебе. Среќен роденден мој најомилен сине, биди секогаш среќен и Бог да те благослови - напиша Маја во објавата каде го држи својот наследник во раце додека тој спие безгрижно, а честитките долу само продолжија.
Фото: Инстаграм - Маја Беровиќ