Сѐ поубава со годините: На ова Охридско лето Татјана Стојановска блесна во огнено црвена креација
Нашата најубава водителка Татјана Стојановска блесна на отворањето на Охридско лето синоќа.
Облечена во огнено црвена тоалета таа уште еднаш покажа дека сцената со која беспрекорно владее години наназад е создадена за неа.
Креацијата која ја носеше е дело на модната куќа Елена Лука маестрално ја следеше линијата на нејзиното тело со софистициран шлиц во долниот дел.
Дополнително дамскиот модел од оваа креација е деколтето од спуштени ракави кои дополнително го прават овој модел отмен.
За крај деталот на струкот од камења и монистри го даваат финишот на целокупниoт впечаток.
Еден ден претходно убавата водителка се потсети на минатите години на Охридско лето објавувајќи неколку фотографии.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Татјана Стојановска/Елена Лука