„Сакаше да има семејство но славата и парите го направија своето“: Еве зошто се разведоа Деми Мур и Брус Вилис

Добивај вести на Viber

Брус Вилис и Деми Мур беа еден од омилените парови во Холивуд кој се венчаше кон крајот на осумдесеттите, а од бракот ги имаат трите ќерки Румер, Скаут и Талула. Се чинеше дека „вечните бунтовници“ никогаш нема да се разделат, но по 13 години следеше развод.

Изминаа 23 години откако се разведоа, но нивното пријателство сè уште трае.

Во својата автобиографија „Inside out“, Деми откри многу шокантни детали од нејзиниот живот, а се осврна и на бракот со Брус.

-Тој рече: „Мислам дека треба да се венчаме.“ Се шегувавме, се разбира, но одеднаш се чинеше дека тој воопшто не се шегува, изјави Деми.

Иако по разводот останаа блиски пријатели, Деми во книгата откри дека Брус ја притискал да биде само домаќинка.

-Тој сакаше семејство, но копнееше и за возбуда. Во основа, тој сакаше да го прави она што го сака. Имаше 36 години, слава и пари... Се е јасно, вели актрката.

По тоа следуваше разводот. Сепак и двајцата останаа многу блиски пријатели, кои заедно ги поминуваат празниците и слободното време, а Деми е добра пријателка и со сегашната сопруга на актерот.

Покрај тоа, тој и беше голема поддршка за време на рехабилитацијата и тешкиот период по разводот со Ештон Кучер.

Да потсетиме, таа, за разлика од Брус, во својата автобиографија немаше пофални зборови за Ештон, обвинувајќи го за ментална злоупотреба.


Фото:Profimedia