Сакав да го спасам светот: Беквалац ги расплака фановите

Добивај вести на Viber

Наташа Беквалац цврсто ја прегрна ќерката Катја и се сликаше со неа. На тој начин, на Инстаграм таа објави дека ќерката денес има точно една година и шест месеци.

Наташа на ќерката ѝ го посвети стихот од нејзината песна „Илјада нули“.

„Сакав да го спасам светот, те гледам, иста си, Катја. Имаме една ипол година“, напиша насмеаната пејачка и предизвика многу коментари и честитки. Некои коментираа дека оваа објава на Беквалац ги расплакала. 

Нејзината постара ќерка Хана има 12 години. 

Фото: Ало.рс, Инстаграм