Саманта се враќа во серијата „Сексот и градот“: Поради кавгата со Кери Бредшо рече дека НИКОГАШ нема да го направи тоа, но се предомисли
Познатата Саманта Џонс повторно ќе ја видиме на малите екрани.
Според изворите, Ким Катрал ги шокирала сите со одлуката да се врати како Саманта Џонс во втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“, и покрај нејзината експлозивна расправија со ѕвездата Сара Џесика Паркер.
Како и да е, Катрал наводно ќе се врати само за една сцена, која ја снимила на 22 март во Њујорк, без да ги види и да разговара со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Сцената е снимена и без Мајкл Патрик Кинг, пренесува Variety.
Во сцената Саманта која се преселила во Лондон ќе има телефонски разговор со Паркер, т.е. Кери Бредшо.
„Њујорк пост“ откри и дека учеството на Катрал во шоуто било толку тајно што нејзиното име не се појавило ниту на списокот со покани за тој ден, што ги оставило луѓето запрепастени од нејзиното присуство.
Без сомнение сите се запрепастени од нејзината одлука, со оглед на тоа што таа јасно стави до знаење дека никогаш нема да се врати во серијата.
Дали подоцна ќе се појави уште еднаш, останува да видиме.
Фото: Youtube - screenshoot