Самата на себе си нанела повреди со чекан: Девојка осудена на 8,5 години затвор за лажни обвиненија за силување
Не е познато зошто таа ги измислила овие обвинувања, кои судијата ги нарече „целосна фикција“
Елеонор Вилијамс (22) од малото британско гратче Бароу-ин-Фурнс е осудена на осум и пол години затвор поради лажни обвиненија за групно силување кое ги уништило животите на тројца мажи и ги навело до обид за самоубиство.
Според пресудата, Вилијамс лажно тврдела дека била тепана, силувана, злоупотребувана и принудена на проституција од банда мажи и фалсификувала докази за да ги докаже нејзините наводи.
Судскиот вештак констатирал дека таа со тежок чекан си ги нанела модринките по лицето и телото.
Судијата Роберт Алтам, кој ја изрече казната, истакна дека „тажно е да се каже дека Вилијамс не покажува забележителни знаци на каење“.
Според него, не е познато зошто таа ги измислила овие обвинувања, кои судијата ги нарече „целосна фикција“.