Сами направете си крем за сончање

Добивај вести на Viber

Маслото за сончање кое дома сами ќе го направите не содржи заштитен фактор, така што ако имате бел тен, би требало да почекате додека кожата не се адаптира на сонцето.

Откако ќе добиете боја, слободно користете го ова масло кое на вашата кожа ќе и даде бронзен изглед и ќе спречи сушење на кожата.

Потребни ви се: 

– 3 дл маслиново масло

– 1 дл кантарионово масло

– 2 моркови

Изрендајте ги морковите, ставете ги во тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло и од кантарион. Добиената смеса треба неколку дена да отстои, а од време на време треба да се протресе содржината. На крајот процедете добро и ставете го маслото во шишенце кое ќе биде соодветно.