САМО Е ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ: Пет знаци на предупредување дека партнерот може да стане насилен

Добивај вести на Viber

Зошто жените остануваат со насилни мажи е едно од најчесто поставените прашања, а одговори има многу и секогаш се многу комплексни. 

Денес наместо тоа прашање поставуваме едно малку поинакво-како да препознаете дека важата врска би можела да стане насилна? Ако знаците ги сфатиме на време, можеби полесно е да се избегне отколку кога стане предоцна.

Претерана потреба за контрола

На почеток се може да изгледа како љубов, но претераната потреба за контрола многу брзо станува јасен проблем ако сме подготвени да го воочиме. Мажот кој често сака да знае каде сме, со кој сме и како сме се вратиле дома, а со тоа има потреба и да ни забранува некои работи не е заљубен...тој е control freak кој не може да поднесе долго да си без него.

Континуирано омаловажување

Може да почне со симпатично закачкање, но ако со тек на време се претвори во се поголемо и посериозно набројување на твои недостатоци, имаш работа со психички злоставувач... кој би можел да се претвори во физички.

Љубомора

Љубомората може да биде слатка и симпатична, но може да биде и прв знак на сериозен проблем. Ако фраерот е љубоморен на пријателите со кои се гледаш, посесивен е и има испади поради облеката која ја носиш, работите би можеле да станат насилни ако не се согласиш да играш по негови правила.

Навреди

Во караниците сешто може да ни излета, но ако нему често му излетуваат пцовки и грди имиња со кои те нарекува, само е прашање на време кога вербалните навреди нема да му бидат доволни.

Изолација

Клучен начин на кој злоставувачите ја обработуваат својата жртва - ќе те убдеи дека ти си проблем, дека сите околу тебе се поинакви и дека треба да се срамиш поради своето однесување. Еднаш кога те скрши, поголеми се шансите дека нема да имаш храброст да му се обратиш некому за помош.