Само еден маж може вака да ја насмее Јелена Розга: Секогаш блеска во негово друштво! (ФОТО)

Јелена Розга се појави на ревија во Загреб во друштво на својот тренер Анте Буразин, а за оваа прилика и двајцата се дотераа специјално

Пејачката Јелена Розга го поддржа модното дуо Клисаб доаѓајќи на нивната ревија во Загреб. Таа се дотера специјално за оваа пригода, како и нејзиниот придружник, згодниот тренер Анте Буразин, во чие друштво често имаме можност да ја видиме. Розга носеше фустан во стилот на капут без ракави со ремен кој го истакнуваше нејзиниот тесен струк, додека Анте избра беж костум и црна маичка, а заедно изгледаа одлично.

View this post on Instagram

A post shared by (@fit_medo)


Прегрнати и насмеани од уво до уво, спремно им позираа на фотографите, како и секогаш кога ќе се појават заедно во јавност, а изгледа дека секогаш добро се забавуваат.

Ревијата ја следеа од првиот ред во друштво на некои други познати Хрвати.

Инаку, Јелена наскоро ќе објави нов, акустичен албум со стари хитови, а дел од песните ги сними со колешката Матија Цвек, што особено ги израдува и неа и неговите обожаватели.

Извор: dnevnik.hr