Само јас можам да го гледам топлес, тој е мој! Го фатила сопругот како се допишува со друга - реагирала вака!

Добивај вести на Viber

Таа вели дека никогаш не се чувствувала толку изневерена.

Кога неименуваната Британка открила дека нејзиниот сопруг испраќа експлицитни пораки на друга жена, нејзиниот свет се урнал, а таа била уште повеќе погодена од објаснувањето на нејзиниот сопруг, кој лаконски коментирал дека „само малку се забавува“.

- Вчера случајно открив дека мојот сопруг преку некоја апликација и испраќа свои разголени слики на непозната девојка. Не се чувствував добро, имав впечаток дека главата ми се врти. Бев убедена дека имаме среќен брак, очигледно тоа не е вистина - вели таа и продолжува:

- Не сакам да го оставам, тој е мојот свет. Целосно сум збунета и не знам како да го преболам ова. Мојот сопруг требаше да биде еден од „добрите момци“ кои никогаш нема да ме изневерат. Кога се соочив со него, тој се извини и рече „сето тоа беше само малку за забава“ и вети дека нема да го повтори тоа. Знам дека ситуацијата може да биде многу полоша, но ме боли исто како да ме изневерил. Тој беше само мој, ниту една друга жена не смееше да му ги види интимните делови.

- Ми доаѓа да врескам, се чувствувам како целосен промашај, плачам непрекинато и целосно сум уништена. Додека децата се будни, се преправам дека се е во ред, а кога ќе спијат, јас почнувам да плачам - вели Англичанката.

Луѓето најмногу се согласуваа со неа во коментарите, а еден од коментарите гласи:

- Сигурно е дека ситуацијата не е забавна ниту за вас, ниту за него. Неговата идеја за „забава“ ви предизвика агонија и вознемиреност. Поради ова, вашата врска може да биде загрозена, а тоа не е забавно, пишува Mirror.