„Самохрана мајка, ако нема мажественост во себе, ќе го уништи детето!“: Отец Предраг Поповиќ им одржа лекција на разведените родители
Отец Предраг Поповиќ, свештеник и татко на три деца, во своите емисии и на својот канал на Јутјуб често зборува за родителството, воспитувањето и како изгледа животот во едно христијанско православно семејство. Често ја опфаќа темата за разводот и самохраното родителство.
Отец Предраг во една од неговите објави на Инстаграм зборуваше за најголемите стравови кои ги има детето и објасни колку е тешко за самохраните мајки да воспитуваат деца.
„Сама мајка, ако го нема мажественост во себе, ќе го уништи детето! Самохраната мајка мора да биде и татко и мајка. Таа мора да биде борец, но во семејството мора да има вујко, дедо.Мора да има машка фигура покрај таа мајка“, го започна своето излагање отец Предраг Поповиќ, а потоа додаде:
„Денес, за жал, има многу повеќе самохрани родители, не зборувам за поединечни случаи, каде што некој малтретирал и претепал некого, туку зборувам за најголем број случаи кога луѓето се развеле затоа што не се разбирале. Се развеле затоа што се досадиле еден од друг. Затоа што се млади и некаде имаат шанса. Затоа што им смета нешто, 'рчи гласно, или не ја затвора пастата за заби“, рече свештеникот.
Отец Предраг Поповиќ истакна кој е најголемиот страв на детето и дека родителите честопати не се ни свесни за тоа.
„Луѓето не знаат дека најголемиот страв на детето е да не им се случи нешто на мама и тато. Во суштина, мама и тато не се разведуваат“.
Фото: Youtube - screenshoot