Samsung доби признание за својата замисла за иднината од Здружението на корисници на технологии

Добивај вести на Viber

Samsung доби награди за производи со водечки технологии во својата класа на саемот за иновации CES® 2024

Скопје, 15 ноември, 2023 г. –Samsung Electronics, глобален лидер во технологијата, објави дека за своите најнови технологии доби награди за иновации на саемот CES® 2024  во различни категории на производи. 

Овие награди значат дека Здружението на корисници на технологии (CTA)® повторно му оддаде признание на Samsung за својата посветеност да развива производи кои нè водат во иднината. Тие се, исто така, знак за позитивните работи што доаѓаат, при што компанијата вредно работи на својата визија за попаметен, поодржлив свет и воведување на уште поамбициозни иновации наредната година.

Samsung доби признанија во различни категории на производи, вклучувајќи мобилни уреди, телевизори, аудио уреди, проектори, монитори и домашни апарати. Овие награди потврдуваат како Samsung – од револуционерен развој на телефони на преклопување до поодржлив начин на живот на луѓето – ги поместува границите на она што е можно и им обезбедува на своите корисници поповрзано, поприспособено и поудобно искуство.

CES® 2024, најголемиот и највлијателниот технолошки саем на светот, ќе де оддржи од 9 јануари до 12 јануари во Лас Вегас, Невада.


Добитници на наградите за иновации:

Galaxy Z Fold5и за дигитална обработка на фотографии и за мобилни уреди, додатоци и апликации – Моделот Samsung Galaxy Z Fold5 се одликува со незаменливо искуство меѓу уредите што се преклопуваат со професионален квалитет на камерата и помоќни и интелигентни перформанси и тој е најтенкиот модел на Samsung Galaxy Fold, благодарение на новиот флексибилен дизајн на шарки.

И преклопен и отклопен, Galaxy Z Fold5 е незаменлив придружник во работата и забавата. Со подобрената функција со повеќе прозорци, вие можете лесно да се префрувате од презентација на белешки и календар. Или да го поставите уредот на работната маса како компјутер. Можете исто така да фотографирате без раце од креативни агли со функцијата за флексибилна камера.

Galaxy Watch6 Series за физичка кондиција и спорт – Новите часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic обезбедуваат персонализирано водење за здравје, наменски дизајн и подобрено мобилно искуство за да бидете поинформирани и поздрави – а сето тоа со полесен пристап директно од рачниот зглоб.

Исполнувајќи ја обврската за демократизирање на напредните алатки за следење на здравјето и физичката кондиција, серијата Galaxy Watch6 нуди сеопфатни карактеристики за здравје и моќни перформанси, од водење на сонот и физичката кондиција до увид во исхраната. Таа е дел од филозофијата на Samsung за создавање нови и погодни начини за корисниците подобро да го разберат своето здравје и физичка кондиција, но и да преземат соодветни мерки.

Galaxy Buds FE за слушалки и лични аудио уреди – Дизајнот и перформансите на уредите на Samsung Galaxy FE ги земаат предвид мислењата и реакциите на корисниците за одличните карактеристики со голема вредност. Слушалките Galaxy Buds FE ја продолжуваат традицијата на многу од најновите Galaxy иновации за помалку пари.

Слушалките Galaxy Buds FE нудат исклучителен звук со моќен бас, како и напредно активно елиминирање на бучавата (ANC) и појасни повици. Со ергономски дизајн и различни големини на бубачки и врвови, слушалките Galaxy Buds FE удобно и безбедно се вклопуваат и совршено се спојуваат со други уреди на Samsung, како што се паметниот телефон, таблетот, компјутерот или дури и телевизорот за секојдневна употреба по одлична цена.

Samsung Health за мобилни уреди, додатоци и апликации – Samsung е посветен на обезбедување нови алатки кои го подобруваат животот на корисниците. Со апликацијата Samsung Health, корисниците имаат пристап до нови револуционерни функции за здравјето со помош на серијата часовници Galaxy Watch, кои нудат увид во нивната физичка состојба како никогаш досега.

Samsung Health обезбедува поперсонализирано, интуитивно искуство за следење на физичката состојба за да бидете поздрави. Ова вклучува анализа на трчање во реално време, постојано вклучени безбедносни фунцкии и приспособено водење на сонот. Без разлика кои се вашите цели поврзани со здравјето, Samsung Health е дизајнирана да ви помогне да ги исполните истите со детален увид врз основа на кој можете да дејствувате.

Samsung Food[1]– Неодамна лансираната апликација Samsung Food користи напредна АI технологија за да ги подобри придобивките, кои корисниците ги добиваат од апликациите, паметните апарати за домаќинство и уредите на Samsung – и соодветно беше наградена во категоријата за вештачка интелигенција. Таа се заснова на најновата Samsung Food АI технологија и функциониера заедно со услугите Samsung SmartThings Cooking и фрижидерите Samsung Family Hub+. Меѓу главните функции се персонализирани препораки за рецепти засновани на целите за исхрана и нивото на активност на корисникот и пристап до различни кулинарски заедници каде што може да се споделуваат рецепти и совети.

SamsungThings Energy[2] – Апликацијата SmartThings Energy, наградена во категоријата паметен дом, им овозможува на корисниците подобро да го контролираат својот јаглероден отпечаток и да ја намалат месечната сметка за електрична енергија. Таа нуди АI енергетски режим на работа, кој ја следи потрошувачката на енергија на поврзаните уреди и автоматски ја прилагодува нивната работа за да се намали потрошувачката, додека новата функција за свесност за интензитетот на јаглеродот обезбедува увид во локалното производство на енергија и интензитетот на јаглеродот. Исто така, автоматски ги прилагодува уредите вклучени во програмите за одговор на потрошувачката, помагајќи им на корисниците да добијат парични награди и заштеди во периодите на висока потрошувачка на енергија.

Филтер за помалку микровалкна[3] – Награден во категоријата за одржливост, филтерот за помалку микровлакна е надворешен филтер за машината за перење што може да го намали ослободувањето на микровлакна за време на циклусот на перење. Користењето на машината за перење четири пати неделно со овој филтер може да го намали количеството на микровлакна еквивалентно на осум пластични шишиња од 500 ml годишно[4]. Со инсталирана Wi-Fi поврзаност, корисниците можат да го проверат статусот на филтерот на апликацијатаSmartThings и да добиваат известувања кога му треба чистење или замена.

Exynos Connect U100[1] – Награден во категоријата применети технологии, Samsung Exynos Connect U100 претставува решение со ултра широк опсег (UWB), кое обезбедува исклучително прецизни информации за растојанието и локацијата на мобилните, автомобилските и IoT уредите.

Со мерење на времето на пристигнување и 3D аголот на пристигнување, Exynos Connect U100 постигнува прецизност од неколку сантиметри и помалку од пет степени, што го прави особено погоден за следење локации во предизвикувачки надворешни средини, како и за АR и VR апликации кои бараат точно следење на движењата на луѓето во реално време.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 

ПР објава