Samsung го најавува глобалното лансирање на комбинираната машина за перење - Bespoke AI™ со паметни и одржливи решенија

Добивај вести на Viber

Благодарение на најголемиот капацитет во својата класа, потврдените перформанси на комбинираната машина Bespoke AI™ фундаментално ќе го променат начинот на перење алишта

Samsung Electronics го објави лансирањето на комбинираната машина за перење Bespoke AI™- најодржливата, ефикасна и најинтелигентна комбинирана машина за перење на Samsung досега. Опремена со голем капацитет и дизајнирана да заштеди простор, комбинираната машина за перењеBespoke AI™ нуди моќни и сигурни перформанси кои заштедуваат енергија и ресурси на корисниците. Проширувајќи ја популарната линија Bespoke од апарати за кујна и на останатите домашни апарати, оваа нова комбинирана машина за перење се карактеризира со феноменален дизајн и функционалност. Комбинираната машина за перење Bespoke AI™ ќе пристигне во продавниците во Европа и на Блискиот Исток во август[1].

Заштедете енергија, вода и детергент со секое полнење

Новата комбинирана машина за перење на Samsung со предно полнење нуди неверојатнипридобивки при користење, но и ефикасност која им овозможуваат на корисниците ширум светот да заштедат енергија, вода и детергент благодарение на одржливоста заснована на вештачка интелигенција.

Новата комбинирана машина за перење Bespoke AI™ ја нуди функцијата AI ​​Ecobubble™ за брзо претворање на детергентот во меурчиња кои алиштата веднаш ги апсорбираат. Со примена на технологијата Ecobubble, машината за перење заштедува до 70 проценти[2] од енергијата - и обезбедува иста чистота на облеката, дури и во ладна вода. Исто така, оваа технологија го подобрува отстранувањето на дамките за 24 проценти[3] и обезбедува подобра нега на влакната за 45,5 проценти[4], што резултира со почиста и подобро негувана облека.

Корисниците исто така можат да ја намалат потрошувачката на енергија благодарение на AI Wash Cycle, паметна функција која темелно и нежно ги мие алиштата со помалку вода и детергент. Со регистрирање на тежината и мекоста на ткаенината при секое полнење и анализирање на степенот на центрифугирање, функцијата AI  Wash Cycle активно го следи моменталното ниво на извалканост на алиштата. Со одредување на совршената количина на вода и детергент преку функцијата за автоматско празнење и постојано прилагодување на времето на киснење, плакнење и вртење на барабанот, оваа функција брзо и ефикасно ги постигнува најдобрите резултати за перење.

Поточно, функцијата за автоматско празнење ја користи точната количина на детергент и омекнувач -  потребни за секое полнење и складира доволно детергент до еден месец перење[5], така што нема потреба да додавате детергент со секое полнење.

Кога станува збор за сушење алишта, машината за сушење Bespoke AI™ нуди и различни опции за заштеда на енергија. Технологијата на пумпата за греење на воздухот на сушарите Bespoke AI™ обезбедува енергетски поефикасен, поекономичен и нежен начин за сушење алишта. Со енергетски рејтинг од A+++[6], машината за сушење Bespoke AI™ ја користи еколошката технологија на Digital Inverter Compressor (дигитален инвертер компресор) за најбрзо и најефикасно можно сушење на алиштата. Технологијата AI Dry (сушење врз основа на вештачка интелигенција) постојано ги следи температурата и влажноста и прави прилагодувања така што алиштата оптимално се сушат без непотребна потрошувачка на енергија. Со користење на рециклиран топол воздух, машината за сушење може да ги намали и вкупните оперативни трошоци и стапката на јаглерод.

И, конечно, како и кај сите други уреди од линијата Bespoke, двата дела на комбинираната машина за перење со предно полнење се интегрирани со услугата SmartThings[7], која им овозможува на корисниците да ја контролираат потрошувачката на енергија дома користејќи ја услугата SmartThings Energy. Оваа функција овозможува едноставно следење и управување со потрошувачката на енергија и препорачува начини за ефикасност, за секој да може да примени одржливост во секојдневниот живот на перење алишта. Дополнително, услугата SmartThings Clothing Care овозможува оптимално управување со алиштата во согласност со животниот стил на корисникот. Врз основа на материјалот од кој е направена облеката, шемите на користење и тековната сезона, SmartThings Clothing Care го препорачува најдобриот циклус на перење и сушење за облеката и им овозможува на корисниците да постават време за перење, количина на детергент и друго.[8] 

Создадена за вашиот животен стил

Кој рече дека просториите за перење не можат да бидат и модерни и функционални? Имајќи го ова на ум, комбинираната машина за перење Bespoke AI™ е изградена во согласност со визијата на линијата Bespoke за да им понуди на корисниците сеопфатно искуство кое ги зема предвид употребата и просторот на производот.

Технологијата SpaceMax™ создава повеќе простор во внатрешноста на машината како би го оптимизирала на механичкиот дизајн, вклучувајќи поголем барабан без зголемување на внатрешните димензии. Корисниците можат да уживаат во капацитетот од 11 килограми на оваа машина, најголемата во категоријата од 600 милиметри. Слично на тоа, новата комбинирана машина за перење Bespoke со предно полнење има модерен дизајн со рамен преден дел што се вклопува во секој ентериер. Со тркалезни врати од калено стакло кои се и стилски и издржливи, едноставниот и елегантен дизајн на комбинираната машина за перење Bespoke AI™ е совршен избор за секој модерен дом.

Линијата на Bespoke со рамен дизајн исто така, нуди практичност и флексибилност при поставувањето. Без разлика дали стојат вертикално или рамо до рамо, двете парчиња можат да се вклопат во секој дом.

Перформанси на кои можете да им верувате од година во година

Купувањето машина за перење или сушење е голема инвестиција, па токмуј затоа Samsung гарантира дека тие се создадени да траат. За разлика од традиционалните мотори, напредниот дигитален инвертер мотор на машината за перење Bespoke AI™ користи моќни магнети за потивки и помоќни перформанси - со помала потрошувачка на енергија. Со висок степен на издржливост, овој мотор користи квалитетни компоненти и ја елиминира потребата од четки кои се трошат. Затоа Samsung нуди 20-годишна гаранција[9] за дигиталниот инвертер мотор во машините за перење што се продаваат во Европа и САД, со што ја потврдува својата цел за развој на производи кои сè пред се одржливи[10].

За повеќе детали посетете ја www.samsung.com.

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com



[1]Достапноста зависи од пазарот

[2] Тестирано во согласност со IEC 60456-2010 за 4 кг алишта во супер еко режим во ладна вода (WF80F5E5U4W) во споредба со перење на 40°C во режим за памучна облека без Ecobubble (WF0702WKU). Индивидуалните резултати може да се разликуваат.

[3] Тестирано во согласност со IEC 60456-2010 за 4 кг алишта во супер еко режим во ладна вода (WF80F5E5U4W) во споредба со перење на 40°C во режим за памучна облека без Ecobubble (WF0702WKU). Индивидуалните резултати може да се разликуваат.

[4] Тестирано во согласност со IEC 60456-2010 за 4 кг алишта во супер еко режим во ладна вода (WF80F5E5U4W) во споредба со перење на 40°C во режим за памучна облека без Ecobubble (WF0702WKU). Индивидуалните резултати може да се разликуваат.

[5] Функцијата за автоматско цедење го чува детергентот до еден месец врз основа на 2 до 3 миења неделно (5 кг алишта / стандардна употреба). Може да варира во зависност од количината на алишта и поставките.

[6] Оцената А+++ ја даде Европската комисија

[7]Достапноста зависи од пазарот

[8]Достапноста зависи од пазарот

[9] 20-годишната гаранција е ограничена на производите што се продаваат во Европа и САД. За производите што се продаваат во САД, тоа е ограничено на дигитални инвертер мотори на машини за перење склопени во САД и купени на 01.07.2022 година. или подоцна. Потребна е потврда со датум на купување. Се применуваат дополнителни ограничувања; видете ја гаранцијата за детали

[10]Достапноста зависи од пазарот


ПР објава