Samsung го зацврстува лидерството во мобилната вештачка интелигенција на MWC 2025: Од Galaxy AI до мрежи фокусирани на софтвер

Samsung ја фокусира својата визија на обезбедување на вистински придружник со вештачка интелигенција низ целиот Galaxy екосистем, ставајќи акцент на серијата Galaxy S25 и проширувајќи ги своите ВИ поддржани искуства на новата серија А, искуства во здравјето и домот
Самсунг ги истакнува своите најнови достигнувања со Galaxy AI и сеопфатни end-to-end софтверски решенија кои им овозможуваат на мрежните оператори целосно да ги искористат придобивките од технологијата со вештачка интелигенција
Samsung Electronics го редефинира искуството со мобилната вештачка интелигенција на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) 2025 година, што се одржува од 3 до 6 март во изложбениот центар Fira Gran Via во Барселона. Одделите за мобилни искуства (MX) и Networks на Samsung ќе ги покажат своите најнови ВИ иновации, вклучувајќи ја следната генерација на Galaxy AI¹ и мрежи дефинирани со софтвер.
Визијата на Samsung да обезбеди вистински ВИ придружник преку напредни мобилни ВИ иновации ќе биде целосно прикажана на MWC, почнувајќи од серијата Galaxy S25 до новата Galaxy A серија и првите XR слушалки наречени Project Moohan. Ова вклучува ексклузивен увид во Galaxy S25 Edge, најтенкиот уред од серијата Galaxy S досега, кој го продолжува наследството на Samsung во предводењето на иновациите во најсовремен хардвер. Посетителите ќе имаат можност и да истражат како ВИ ја обликува иднината на здравјето и домашниот живот, поставувајќи нов стандард за интелигентно и поврзано живеење. Овие трансформативни ВИ напредоци се поддржани од основното ветување на Samsung за безкомпромисна безбедност и приватност на секое ниво за своите корисници.
Доживување на целосниот потенцијал на Galaxy S25
Како лидер во менувањето на начинот на кој се користат мобилните телефони со вештачка интелигенција, новата серија Galaxy S25 го менува начинот на кој корисниците работат, креираат и се забавуваат. Покрај подобрувањата со вештачката интелигенција, серијата Galaxy S25 ги истакнува и врвните способности и перформансите на камерата, директно потврдувајќи ја моќноста и брзината кои ја претставуваат основата на секој Galaxy уред.
Во сегментот кој истакнува како Galaxy S25 делува како неопходен ВИ придружник кој помага полесно да се завршат работите, посетителите ќе можат да видат и доживеат:
• Беспрекорно искуство низ апликациите²: видете како задачите како на пр. наоѓање ресторан на „Карти на Google“ и споделување детали преку „Пораки“ стануваат лесни со една гласовна команда со Gemini – сега достапни на Samsung, Google и избрани апликации од трети страни
• Пребарување со заокружување³ со Google (Circle to Search with Google): пребарајте го екранот на вашиот телефон на покорисни и контекстуални начини како препознавање URL-адреси и посета на веб-локација со еден гест.
• Gemini Live⁴: користење на природен разговор за размислување, учење и вежбање со одговори во реално време и поддршка за слики, датотеки и видеа на YouTube.
• Now Brief⁵: персонализирана снимка на содржина заснована на приспособени увиди, како и проактивни препораки преку Nov Bar⁶.
Искуството продолжува со напредните технологии на камерите од серијата Galaxy S2 воведувајќи нови начини за креирање, кои вклучуваат:
• Помош за цртање⁷ (Drawing Assist): Корисниците можат да го подигнат создавањето содржина на следното ниво со интелигентно подобрување и унапредување на скиците.
• Пребарување на галерија⁸ (Galery Search): Со пребарување засновано на природен јазик, сега е полесно од кога било да се најдат снимени моменти и ситуации.
• Филтри: Истражете ги уникатните ефекти за портрети и новите опции за филтри, додавајќи личен допир на фотографиите направени во режим на портрет.
Во последната зона, во која се претставени нови начини за играње игри, посетителите ќе можат да видат:
• Snapdragon® 8 Elite за Galaxy: Специјално приспособениот чипсет во соработка со Qualcomm ги поместува границите на перформансите и гарантира играње со голема брзина, подобрена одзивност и квалитетни визуелни слики дури и за најсложените наслови.
Како дел од својата посветеност да испорача искуство со мобилна вештачка интелигенција за секого, Samsung ќе ја претстави новата серија Galaxy A – Galaxy A56 5G, A36 5GиA26 5G – со Феноменална интелигенција (Awesome Intelligence), што ќе ја направи најновата моќна Galaxy AI технологија достапна за уште повеќе корисници. Серијата Galaxy A го носи искуството со камерата на следното ниво со креативни алатки како популарната функција за бришење објекти (Object Eraser). Проширувајќи ги ВИ иновациите на Samsung, новата серија А обезбедува сигурни перформанси и долгорочна вредност, поддржана од шест нови верзии на ОС и шест години безбедносни ажурирања за трајно и секогаш безбедно искуство.
Подобрување на секојдневниот живот со вештачка интелигенција
Посетителите на MWC 2025 исто така ќе имаат можност да истражат како Samsung го подобрува секојдневниот живот дома и донесува ново ниво на контрола и увид во здравјето на корисниците со интелигентни, поврзани искуства.
Во зоната што прикажува нови начини да се биде здрав, ќе бидат изложени типовите на здравствени увиди поддржани од вештачка интелигенција кои ќе им бидат на допир на користиниците на уредите од серијата Galaxy S25, како што се енергетски резултат (Energy Score), совети за здравје (Wellness Tips) и увиди во спиењето (Sleep Insights). Овие карактеристики нудат детално и персонализирано здравствено искуство кое обезбедува сеопфатен преглед на здравствената состојба на корисникот врз основа на индивидуалните здравствени податоци и интереси. Со примери за беспрекорна интеграција со поврзаните апликации како SmartThings и Samsung Food, корисниците можат да видат како Samsung работи на развивање комплетно здравствено искуство што секому ја олеснува благосостојбата.
На штандот исто така ќе бидат прикажани новите способности на ВИ кои им овозможуваат на корисниците безбедно и удобно да управуваат со својот дом преку поврзување со уреди. Со заштита на безбедноста со Knox Matrix, сценаријата за вештачка интелигенција во домот ќе прикажуваат паметно живеење со лесна инсталација и контрола врз уредите, овозможени од платформата SmartThings.
Најсовремени иновации изградени на цврста Galaxy основа
Безбедноста е во срцето на ВИ напредокот на Самсунг, обезбедувајќи секое искуство да се заснова на корисничка контрола, транспарентност и силна заштита. Во зоната Galaxy Foundation ќе бидат достапни корисни информации за функцијата Personal Data Engine⁹, која гарантира заштита на персонализираните податоци генерирани на уредот од пристап на апликации различни од Galaxy AI и дополнително е обезбедена од Knox Vault¹⁰.
Самсунг ќе ги претстави своите први слушалки со Android XR, наречени Project Moohan, кои нудат поглед во иднината на проширената реалност напојуван со вештачка интелигенција. Со интегрирање на мултимодална вештачка интелигенција со напредни XR способности, овој револуционерен уред означува голем чекор напред кон поперсонализирано, контекстуално искуство кое го подобрува секојдневниот живот на многу извонреден начин.
Посетителите ќе можат да уживаат во овие иновации на вештачката интелигенција на штандот Samsung Galaxy Experience во сала 3 на изложбениот центар Fira Gran Via.
Постигнување на комплетна софтверска мрежа, каде што вештачката интелигенција го користи целиот свој потенцијал
Покрај иновативните мобилни технологии, Samsung на посебен штанд ќе покаже и како напредува со новата генерација мрежи базирани на вештачка интелигенција. Како глобален лидер во виртуелни и отворени мрежи, Samsung им нуди на операторите целосни, end-to-end софтверски решенија, овозможувајќи им да ја подобрат својата основна инфраструктура за да применат вештачка интелигенција на секое ниво на нивните мрежи.
На штандот, меѓу другото, ќе се прикаже разноврсното виртуелно решение RAN (vRAN) на Samsung, најновите 5G радија и Samsung CognitiV Network Operations Suite (NOS), интелигентно решение за мрежна автоматизација. Ќе бидат презентирани и различни примери на деловни апликации на 5G мрежите.
Самсунг исто така ќе ги прикаже своите тековни напори за унапредување на софтверски дефинираните мрежи преку својот силен партнерски екосистем, вклучувајќи сервери, процесори (CPUs, GPUs), платформи за облак, транспорт и многу повеќе. Дополнително, посетителите на штандот ќе видат како Samsung CognitiV NOS може да донесе поголеми придобивки за телекомуникациските оператори низ процесот на кружно управување инсталации, работење до оптимизацја. Ова решение за автоматизација, кое се состои од низа различни апликации базирани на вештачка интелигенција, игра клучна улога во подобрувањето на перформансите преку зголемување на енергетската ефикасност на мрежата на поинтелигентен начин.
Еден од најатрактивните делови на овој штанд е зоната на приватната 5G мрежа. Samsung, во соработка со Hyundai, неодамна го заврши целосното тестирање на апликацијата Reduced Capability (RedCap) преку приватна 5G мрежа, прва од ваков вид во индустријата. Со имплементирање на напредните приватни 5G мрежни решенија на Samsung, овие компании го докажаа потенцијалот на следната генерација на индустриско поврзување преку 5G мрежите преку подобрување на траењето на батеријата и енергетската ефикасност на 5G IoT уредите.
Овој посебен штанд¹¹ се наоѓа во хала 2 на саемскиот центар Fira Gran Via.
(место за слика: штанд и надворешно брендирање)
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
-----------------
¹Можеби ќе биде потребно
најавување на сметка на Samsung за користење на одредени карактеристики на
Galaxy AI. Samsung не дава никакви ветувања или гаранции во врска со точноста,
комплетноста или доверливоста на излезот што го обезбедуваат карактеристиките
на вештачката интелигенција. Достапноста на карактеристиките на Galaxy AI може
да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI,
моделот на уредот и операторот на телефонот. Функциите на Galaxy AI ќе бидат
достапни бесплатно до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung
Galaxy. Може да важат различни услови за карактеристиките на вештачката
интелигенција обезбедени од трети страни. Услугата Galaxy AI може да биде
ограничена на малолетници во одредени региони со старосни ограничувања поради
употребата на вештачка интелигенција.
²Потребна е интернет-врска и најавување на сметката на Google. Достапноста на
услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот и моделот на
уредот. Работи на компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат
според претплатата, а резултатите може да се разликуваат. Можеби ќе бидат
потребни прилагодувања за одредени функции или апликации. Точноста на
резултатите не е загарантирана.
³Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот
и моделот на уредот. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба
да ги ажурираат Android и апликацијата Google на најновата верзија. Работи на
компатибилни апликации и површини. Резултатите може да се разликуваат во
зависност од визуелното совпаѓање. Точноста на резултатите не е загарантирана.
⁴Функцијата Gemini Live бара интернет конекција и најавување на сметката на
Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата,
јазикот и моделот на уредот. Функциите може да се разликуваат според
претплатата, а резултатите може да се разликуваат. Компатибилен со одредени
функции и одредени сметки. Достапно само за корисници постари од 18 години.
Точноста на резултатите не е загарантирана.
⁵Функцијата Nov Brief бара најавување на сметка на Samsung. Достапноста на
услугата може да се разликува според земја, јазик, модел на уред или
апликација. Некои функции може да бараат мрежна врска
⁶Достапноста на функциите поддржани во апликациите може да се разликува од
земја. Некои функционални виџети може да бараат мрежна врска и/или најавување
на сметката Samsung.
⁷Функцијата „Помош за цртање“ бара мрежна врска и најавување на сметката
Samsung. Видлив воден печат е преклопен на излезот на сликата по зачувувањето
за да покаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и
сигурноста на генерираниот излез не се гарантирани.
⁸Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот, регионот
или операторот. Моментално поддржаните јазици вклучуваат корејски, англиски,
германски, француски, италијански, шпански, кинески, јапонски и португалски.
Точноста на резултатите не е загарантирана.
⁹Personal Data Engine работи само ако е овозможено менито Интелигенција на
лични податоци. Анализираните податоци ќе се избришат кога ќе се исклучи менито
Интелигенција за лични податоци. Personal Data Engine препознава избрани јазици
и одредени акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на арапски,
(поедноставен) кинески, холандски, англиски, француски, германски, хинди,
индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски, романски,
руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски. Personal Data Engine
моментално ги анализира домашните апликации на Samsung
¹⁰Безбедносните карактеристики или хардверска/софтверска архитектура на Samsung
Knok Vault на паметните телефони од серијата Samsung Galaxy A може да се
разликуваат од оние на водечките уреди на Samsung Galaxy, вклучувајќи ги и
паметните телефони од серијата S, серијата Z, паметните телефони од серијата S
FE и таблетите од серијата Tab S, лансирани од 2021 година наваму. Достапноста
на Samsung Knok Vault може да варира во зависност од моделот на уредот.
¹¹Само со покана
*Пр објава