Од 1-ви до 8-ми март секојдневнo подароци и изненадувања во dm дрогериите

dm нѐ потсетува на она што е најважно: грижата, почитта и љубовта кон себеси и кон другите - Од 1-ви до 8-ми март секојдневнo подароци и изненадувања
Постојат моменти во годината кога вреди да застанеме и да се потсетиме на силата, посветеноста и убавината што ја носат жените во секојдневниот живот. 8-ми Март е токму таков ден – потсетник дека секоја жена заслужува признание, внимание и грижа, не само во еден ден, туку секој ден од годината.
Како дел од иницијативата посветена на убавината и негата, со цел да внесе радост и дополнителен сјај во животот на секоја жена, во dm ќе пронајдете различни подароци: ваучери, парфеми, шминки, подарок сетови
Покрај индивидуалните подароци, овој март ќе биде збогатен со советување и соработка со инфлуенсери и експерти за убавина, кои преку социјалните мрежи ќе споделат препораки, идеи за подароци и начини како најдобро да се прослави овој празник.
Во фокусот ќе бидат парфемите, шминката, сетовите и dm ваучерите кои овозможуваат секоја жена да си подари нешто што вистински ја радува. Без разлика дали е во прашање мирисна нота, кармин што ќе ѝ даде дополнителна самодоверба или подарок сет што ќе ја потсети да си посвети време за себе, изборот тука е бесконечен.
Празнувањето на женската сила и убавина не треба да биде само формалност – туку искрено признание за сите улоги што жените ги играат во текот на животот. Вакви иницијативи, како оваа на dm маркетите не е само за подароци, туку за создавање моменти што потсетуваат на она што е најважно: грижата, почитта и љубовта кон себеси и кон другите.
*Пр објава