Samsung ја претстави новата линија монитори Odyssey OLED, Smart Monitor и ViewFinity за 2024 година
Неверојатното OLED искуство обезбедува сопствена технологија за превенција од burn-in на екранот на најновата серија монитори OLED
Паметните функции засилени со вештачка интелигенција носат подобрена забава со Smart Monitor M8 и Odyssey OLED G8, додека новите модели на линијата ViewFinity овозможуваат поефикасни работни места
Samsung Electronics денес го објави глобалното лансирање на својот Odyssey OLED гејминг монитор, серијата Smart Monitor и линијата ViewFinity монитори за 2024 година.
Овие нови и ажурирани модели носат функции што луѓето ги сакаат – но, и некои што не ги очекуваат – да обезбедат нови искуства, без разлика како ги користат мониторите. Линијата Odyssey го носи искуството со OLED на следното ниво и носи нови AI[1] способности на Odyssey OLED G8; линијата на Smart Monitor ја зголемува радоста со подобрени функции за забава, плус Smart Monitor M8 засилен со AI; а линијата ViewFinity ја зголемува поврзаноста за да создаде целосна работна станица.
„Нашите најнови линии на монитори обезбедуваат широк спектар на опции за корисниците на глобално ниво и создаваат подобри искуства, без оглед на тоа како луѓето ги користат“, рече Хун Чунг (Hoon Chung), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Од револуционерниот гејминг монитор Odyssey OLED со AI до искуства со повеќе уреди во линиите на Smart Monitor и ViewFinity, Samsung останува посветен на редефинирање на пазарот и обезбедување на врвни технологии за корисниците насекаде“.
Серија Odyssey OLED: Визуелна извонредност со нови функции за спречување на burn-in на екранот
Моделите Odyssey OLED за 2024 година ги прошируваат понудите на Samsung за следната генерација на OLED перформанси со новите Odyssey OLED G8 (модел G80SD) и Odyssey OLED G6 (модел G60SD).
Odyssey OLED G8 е првиот рамен 32-инчен Samsung OLED гејминг монитор со 4K UHD (3840 x 2160) резолуција и сооднос 16:9. Има стапка на освежување од 240 Hz и време на реакција од 0,03 ms сиво-до-сиво (GtG) за ултра непречено и брзо играње. Odyssey OLED G6 е монитор со резолуција од 27 инчи QHD (2560 x 1440), кој поддржува сооднос од 16:9. Неговата стапка на освежување од 360 Hz и времето на реакција од 0,03 ms GtG им овозможува на гејмерите да ја следат брзата игра.
Новиот Odyssey OLED G8 е првиот OLED гејминг монитор на Samsung засилен со AI. Процесорот NQ8 AI Gen3, кој е истиот процесор што го користи Samsung во својот 8K телевизор за 2024 година, ја подига содржината на речиси 4K кога се користат Samsung Gaming Hub[2] и изворните Smart TV апликации на мониторот за поголема резолуција во игрите и забавата.[3]
Двата нови OLED модели имаат Samsung OLED Safeguard+, нова сопственичка технологија за заштита од burn-in на екранот. Оваа технологија е прва во светот што спречува burn-in на екранот со примена на пулсирачка топлинска цевка на мониторот. Дополнително, Системот за динамичко ладење испарува и кондензира течност за разладување за да ја дифузира топлината пет пати поефикасно од постариот метод на графитни листови, што спречува burn-in на екранот со намалување на температурата во јадрото. Мониторот, исто така, открива статични слики како логоа и програмски ленти, автоматски намалувајќи ја нивната осветленост за да обезбеди уште едно средство за спречување на burn-in на екранот.[4]
Odyssey OLED G8 и OLED G6 обезбедуваат неспоредлив квалитет на OLED слика со вообичаенаосветленост од 250 нити, додека FreeSync Premium Pro ги одржува синхронизирани графичкиот процесор и панелот на екранот за да се елиминираат прекини, доцнење и кинење на екранот.
Новата OLED Glare Free технологија на Samsung, исто така, ја зачувува точноста на бојата и ги намалува рефлексиите додека ја одржува острината на сликата за да обезбеди извонредно доживување при гледањето, дури и на дневна светлина. Слојот со ниска рефлексија оптимизиран за OLED го надминува компромисот помеѓу отсјајот и рефлексијата благодарение на новиот, специјализиран слој со тврд премаз и урнекот на површинскиот премаз.
Двата монитори имаат супер тенок метален дизајн кој им дава препознатлив визуелен идентитет, додека Core Lighting+ ги подобрува искуствата за забава и игри со амбиентално осветлување кое се синхронизира со екранот. Ергономскиот држач, исто така, ги прави долгите сесии поудобни со прилагодлива висина, плус поддршка за навалување и вртење.
Новите Odyssey OLED монитори се следните кои го зголемуваат лидерството на пазарот на OLED мониторите на Samsung. Нивното лансирање доаѓа откако Samsung ја постигна врвната позиција во глобалната продажба на пазарот на OLED монитори за само една година од лансирањето на својот прв OLED модел. Ова достигнување го нагласува брзото искачување на Samsung во конкурентниот пејзаж на OLED мониторите, истовремено засилувајќи ја неговата посветеност да ја диверзифицира својата линија на гејминг монитори со модели кои ја користат сопствената OLED технологија на компанијата.
Smart Monitor M8: AI процесор за кристално чисто видео и аудио
Ажурираната линија на Smart Monitor обединува целосно искуство со повеќе уреди во еден хаб за попаметна забава и поголема продуктивност. Надградените модели за 2024 година ги вклучуваат M8 (модел M80D), M7 (модел M70D) и M5 (модел M50D).
Надградениот 32-инчен 4K UHD Smart Monitor M8 воведува нови функции засилени со AI со процесор NQM AI, носејќи ги забавните искуства на следното ниво. Засилувањето со AI носи содржина со пониска резолуција до речиси 4K[5], а Active Voice Amplifier Pro користи AI за да го анализира шумот во позадина во околината на корисникот и да го оптимизира дијалогот во содржината на корисникот.[6]
360 Audio Mode[7] е достапен на M8, кој се поврзува со Galaxy Buds за да создаде имерсивна звучна средина. Вградената камера SlimFit го олеснува и спроведувањето видео повици преку мобилни апликации со Samsung Dex.[8]
Новина во целата линија на Smart Monitor е Workout Tracker,[9] кој се спојува со Galaxy Watch за да обезбеди податоци за здравјето во реално време на екранот, дури и при проследување содржина. Ова го олеснува следењето на целите за вежбање и може да го направи вежбањето попријатно.
Овие
нови функции ја подобруваат веќе импресивната функционалност на Smart Monitor.
Апликациите за Smart TV и Samsung TV Plus[10]
обезбедуваат моментален пристап до широк опсег на стриминг услуги и содржина во
живо, без потреба од компјутер или поврзување со други уреди.[11]
M7
е достапен во 32 инчи и 43 инчи со 4K UHD (3840 x 2160) резолуција, осветленост
од 300 нити (вообичаено) и сиво-до-сиво (GtG) време на реакција од 4ms. M5 е
достапен во 27 инчи и 32 инчи, со FHD резолуција (1920 x 1080), осветленост од
250 нити (вообичаено)и време на реакција GtG од 4ms.
Серија ViewFinity: Максимизирање на креативноста и леснотија на користење
Оптимизирана за креативци и професионалци и изградена со одговорни практики, најновата линија ViewFinity ги вклучува ViewFinity S8 (модел S80UD), ViewFinity S7 (модел S70D) и ViewFinity S6 (модел S60UD).
Ажурираните ViewFinity монитори[12] за 2024 година ги помагаат напорите за рециклирање со тоа што се направени од минимум 10% рециклирана пластика, без нанесување на хемиски спрејови на пластичните компоненти. Пакувањето, исто така, користи лепак наместо спојници за полесно расклопување.
Easy Setup држачот се составува со еден брз клик, без користење на алатки или завртки, што овозможува брзо и лесно поставување и уживање во живописниот екран на ViewFinity. Секој ViewFinity монитор за 2024 година поддржува HDR10 и репродукција на 1 милијарда бои, што гарантира точна претстава, истовремено интегрирајќи ги функциите за Intelligent Eye Care сертифицирани од TÜV-Rheinland за помало напрегање на очите за време на подолги работни периоди.
ViewFinity S8 нуди опции за екран од 27 инчи и 32 инчи, секој со 4K UHD (3840 x 2160) резолуција, стапка на освежување од 60 Hz и осветленост од 350 нити (вообичаено). Тој, исто така, располага со USB хаб за лесно поврзување и држач чијашто висина се прилагодува. Моделот S80UD вклучува нов KVM прекинувач за лесно поврзување и префрлување помеѓу два различни влезни уреди, како и USB-C порт што им овозможува на корисниците да полнат уреди, како преносни или таблет компјутери, со моќност до 90 W.
ViewFinity S7 е достапен во опции од 27 инчи и 32 инчи, секој со UHD 4K (3840 x 2160) резолуција, осветленост од 350 нити (вообичаено) и стапка на освежување од 60 Hz. ViewFinity S6 е достапен во опции од 24 инчи, 27 инчи и 32 инчи, секој со QHD (2560 x 1440) резолуција, стапка на освежување од 100 Hz и осветленост од 350 нити (вообичаено), вклучувајќи USB хаб и држач чијашто висина се прилагодува. Моделот S60UD вклучува и вграден KVM прекинувач и USB-C порт (полнење до 90W).
За повеќе информации за сериите на монитори на Samsung за 2024 година, посетете ја www.samsung.com/mk. Продажбата на овие монитори наскоро ќе започне и кај нас.
[1] AI функциите се достапни само на G80SD, M80D.
[2]Gaming Hub е достапна во ограничени земји, а достапноста на апликацијата се разликува по земја.
[3]AI upscaling работи само кога се користат вградените Smart TV апликации и Samsung Gaming Hub (PQ приоритетен режим).
[4]Откривањето лого е активно само во AV режим.
[5]AI upscaling работи само кога се користат вградените Smart TV апликации и Samsung Gaming Hub (PQ приоритетен режим).
[6]Active Voice Amplifier Pro е достапна само на вградените Smart TV апликации.
[7] 360 Audio и Head Tracking може да варира во зависност од апликацијата и содржината. Поддржани уреди вклучуваат Galaxy Buds 2 Pro / 2 / Pro / Live и може да се ажурираат без претходна најава.
[8] Компатибилноста на SlimFit камерата со Samsung DeX бара поврзување USB-C со Galaxy S23 или понова верзија, Fold 5 или Tab S9 со One UI 6.1.1 или понова верзија.
[9]Поддржани уреди вклучуваат Galaxy Watch 4 или понова верзија со Galaxy Mobile (One UI 4.1.1 и понова верзија) со најнова софтверска верзија. Уредите мора да бидат најавени на истата сметка на Samsung. Ставете ги часовникот и мобилниот уред во близина на екранот за да користите Workout Tracker.
[10]Потребна е сметка на Samsung за Samsung TV Plus. Поддржаните уреди и канали на Samsung може да се разликуваат во зависност од регионот и се предмет на промена без претходно известување. Можеби ќе бидат потребни дополнителни поставки за користење на овие функции. Може да се појават реклами на Samsung TV Plus.
[11]Потребен е пристап до Интернет.
[12] Само S60UD, S60D, S70D, S80UD, S80D.
*пр-објава