Samsung на саемот CES 2024 ќе ја претстави новата партнерска програма за додатоци „Креирано за Samsung Gaming Hub“

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics Co., Ltd. денес ги објави деталите за програмата „Креирано за Samsung Gaming Hub“ што ќе биде прикажана на саемот CES® 2024. Целта на програмата е соработка со водечки компании за додатоци за видео игри за да се активира следната генерација најдобри партнерски производи во својата класа за Samsung Gaming Hub, платформа за стриминг на видео игри на Samsung. Покрај тоа, компанијата го објави своето партнерство со добавувачот на додатоци за видео игри PDP (Performance Designed Products LLC), за да го претстави првиот „Креирано за Samsung Gaming Hub“ контролер.

„Самсунг ја препознава незаменливата улога на додатоците во подобрувањето на искуствата со видео игрите“, рече Џихо Ха (Jiho Ha), раководител на групата за партнерства во делот за услуги во Samsung Electronics. „Врз основа на нашето веќе високо ниво на компатибилност, програмата „Креирано за Samsung Gaming Hub“ ќе ни обезбеди соработка со доверливи партнери за да направиме додатоци кои дополнително ќе го подобруваат врвното искуство со Samsung Gaming Hub“.


Почнувајќи од оваа година, гејмерите ќе можат да ја видат ознаката „Креирано за Samsung Gaming Hub“, која означува дека производот е тестиран за компатибилност, квалитет, перформанси, безбедност и сигурност на уредите на Samsung. Додатоците што ја имаат оваа ознака го гарантираат најдоброто можно искуство со стримување видео игри на Samsung Gaming Hub, без оглед на тоа кој уред подржан од Samsung ќе биде избран.


Денес, Samsung, исто така, го објави своето партнерство за новиот безжичен контролер на PDP, „Replay Midnight Blue“, кој е првиот производ од програмата „Креирано за Samsung Gaming Hub“. Новиот контролер ќе вклучува вградена батерија што може да се полни и обезбедува до 40 часа играње по полнење, безжична Bluetooth врска од 30 стапки со ниска латентност, копче Samsung Gaming Hub за активирање на Samsung Gaming Hub, копче за контрола на јачината на звукот на телевизорот, кое е лесно за користење и многу повеќе. Гејмерите можат подетално да го разгледаат „Replay Midnight Blue“ на штандот на Samsung на CES. Контролерот сега е достапен[1] за пред-нарачка на веб-страницата на PDP, Amazon.com и BestBuy.com.

Самсунг продолжува да им дава на гејмерите поголем избор во начинот на играње, од уредите што ги користат за стримување на нивните видео игри до проширување на екосистемот на Samsung Gaming Hub и постојано нуди иновативни производи и искуства што ги сакаат гејмерите.

Следете нè, бидејќи Samsung продолжува да иновира и додава нови партнери во екосистемот „Креирано за Samsung Gaming Hub“.


*Пр објава