Сања Кужет со прва фотка и видео од бебето: Ѕирнете како ужива малиот Вук
Водителката Сања Кужет на 2 јули роди здраво машко дете кое пресреќните родители го крстија Вук.
Сања минатиот месец се породи во строга тајност, а неодамна реши да покаже слика од најмладиот наследник.
Имено, таа објави фотографии од своите синови, а потоа објави трогателни зборови на својот Инстаграм.
- Мои. Андрија, Страхиња, Вук (Нија-кучето) - напиша Сања која го означи и својот миленик кој е на една од фотографиите и со посебен таг нагласи:
- Заедно сме посилни.
По сликата на најмалите, имаше и слики од постарите синови.
Да потсетиме, Сања Кужет до Нова година ја водеше последната сезона на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, по што реши да одмори и во мир да ги помине трудничките денови, опкружена со своето семејство, подготвувајќи се за својот најсреќен настан, раѓање на дете.
Денеска пак шармантната водителка објави видео на кое се гледа како малиот ужива во детска музика од играчките кои му висат над креветчето.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Сања Кужет