САРА ЈО НА ВИРТУЕЛНОТО ОТВОРАЊЕ НА GUESS ВО СКОПЈЕ

Добивај вести на Viber

Одлична вест за љубителите на брендот Guess. Во Скопје почнува да функционира првата монобренд продавница Guess, во која ќе биде застапена женска, но и машка колекција.

Од денес, купувачите ќе можат да ги најдат своите омилени парчиња на виртуелната продавница на www.fashiongroup.com.mk, а со отворањето на трговските центри и во продавницата во Skopje City Mall на приземје. Во рамките на продавницата ќе бидат застапени линиите Guess, Guess Jeans, како и Marciano by Guess.

На денот на отворањето на виртуелната продавница за сите купувачи подготвивме голем број изненадувања  и екслузивно гостување на популарната Sara Jo (@sarajoofficial) . Таа со свој перформанс ќе се вклучи во живо на Инстаграм профилот на Fashion Group денес во 20 часот. 


За сезоната пролет/лето 2020 Guess нуди колекција која изобилува со атрактивни и трендовски модели. Женственоста е на прво место, а  неа на одличен начин ја доловува сензуалната Џеј Ло, која е Guess девојката за оваа сезона.

Ве покануваме да бидете дел од уште едно уникатно модно искуство на онлајн продавницата на Fashion Group!