Сараево Филм Фестивал и Atlantic Grupa „Сите ние сме од истиот филм“
Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа дека уметноста на поврзува и спојува. Така, на 12 август во Сараево, премиерно беше прикажан првиот аматерски вертикален филм во чие создавање учествуваше публиката од целиот регион. СИТЕ НИЕ СМЕ ОД ИСТИОТ ФИЛМ– е името и пораката на овој краток филм, кој за сега е единственото остварување во светот на кинематографијата. Создаден е со спојување на кадри што ги снимијасо сопствените мобилни телефонисите оние коишто сакаа да бидат дел од оваа специјална уметничка приказна од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
Сараево Филм Фестивалот, за многу нешта е прв во овој дел на Европа, оваа година е посебен затоа што околу стотина креативци за само недела дена кампања испратија свои кратки видео снимки со желба своите обичаи, култура, малите дневни ритуали и емоции да ги спојат во еден филм, затоа што СИТЕ НИЕ СМЕ ОД ИСТИОТ ФИЛМ. Oстварувањата на најкреативните се најдоа во филмот којшто беше прикажан како дел од Сараево Филм Фестивалот, во сосема поинаков, вертикален формат. Отвореноста кон другите и кон новото, е универзална порака на уметноста, а отворањето на светот на филмот кон аматерскиот филм, којшто денес може да се создаде едноставно благодарение намобилната технологија со само малку фантазија и креативност, најдобро може да се види во кадрите и во приказните коишто се појавија како единствена целина, и кои се инспирирани од духот и емоциите карактеристични за целиот регион.
Meѓу стотиците пријавени, беа избрани кадри од 27 најкреативни од целиот регион чие име може да се најде на одјавната шпица на филмот, а на овој начин засекогаш се запишани во историјата на Сараево Филм Фестивалот. Проектот го поддржаа и познатите актери Енис Бешлагиќ, Бојана Грегориќ, Катарина Час и Александар Радојчиќ, a по официјалната премиера во Сараево, првиот вертикален аматерски филм може да се погледа на следнава страницаhttp://svismomiizistogfilma.com/#film.