Животна училница // Приказни
Се чекаат резултати од тестот за коронавирус: Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски
- 05 Април, 2020

На Клиниката за пулмологија денеска почина мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Таа претходно една година била во тешка здравствена состојба
“Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми на Ковид-19” – соопшти кабинетот на претседателот на државата.
Од резултатот на тестот на починатата жена, ќе зависи дали претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска ќе бидат тестирани.