Се чував за првата брачна ноќ и тоа ми е најголема животна грешка: Беше толку трауматично што ѝ се јавив на сестра ми во солзи
Лејси, од САД, вели дека е израсната во „култура на чистота“ и дека тоа со години ѝ го уништило сексуалниот живот. На нејзиниот профил на „TikTok“, таа одговори на објавата на друг маж, која гласеше: „Само сакам да кажам дека да се чека бракот за да се има прв секс е навистина лоша идеја“.
Лејси додаде: „Не можам повеќе да се согласам со него. Ќе бидам отворена и ќе раскажам сè“.
- Пораснав во 90-тите, во кои културата на чистота беше многу популарна. Имаше дури и моменти кога мислев дека нема ни да се бакнам пред свадбата. Па, јас и мојот сопруг „технички“ чекавме до нашата брачна ноќ – додала таа.
Лејси објаснила дека имала сексуални искуства со своето момче, но тие немале секс до нивната брачна ноќ
- Не бевме сто проценти чисти, но знаете на што мислам. „Кога ќе ви кажам дека мојата брачна ноќ беше срање, тоа е благо кажано“, рече Лејси.
- На медениот месец ѝ се јавив на сестра ми, која е медицинска сестра, буквално врескајќи по телефон, велејќи дека мислам дека ми е скршена вагината - додала таа.
@laci_bean #stitch with @brithefamilyguy #purityculture #puritycultureistoxic #deconstructingchristianity #deconstruction #
Друга работа со која пораснала верувајќи е дека треба да ги остави настрана своите сексуални потреби и желби и да се фокусира само на тоа да му угоди на својот маж.
- И бидејќи културата на чистотата ме научи дека мојата работа е да го задоволувам мојот сопруг и дека сѐ е важно за него или ќе гледа порно и ќе ме изневерува, буквално ми требаа неколку години да се вразумам и да прашам „каде сум јас сум во овој брак“, изјави Лејси.
- Имам 32 години и сè уште се борам со работи за сексот кои беа длабоко вкоренети во мене на рана возраст. Ја мразам културата на чистотата - додаде таа.
Корисниците на „TikTok“ ја коментираа нејзината објава.
- Ако сакаш да почекаш, во ред е. Но, ако се чувствуваш принуден да чекаш поради каква било идеологија - тоа е едноставно погрешно - коментира еден следбеник.
- Мама ми рече да одам да живеам со некого една година пред воопшто да размислувам за брак. Најдобриот совет досега – напиша друга жена.
- Баба ми ми рече да го тестирам автомобилот пред да го купам - искоментира трета жена.
Извор: Kurir.rs/ 24sata.hr