СЕ Е СОВРШЕНО, А ТОЈ НЕНАДЕЈНО ВИ РАСКИНУВА: Ова е вистинската причина поради која си заминува!

Добивај вести на Viber

Сте се вљубиле, сте влегле во врска и на врвот на страста тој повеќе не е заинтересиран за вас? Ова се тајните причини од кои ве остава иако се било совршено.

Чувствува дека е под притисок

Дали често го повикувате и му праќате пораки и така му порачувате дека сакате повеќе љубов, страст или секс со цел да ја усовршите врската во која сте?

Доколку овие работи сте ги правеле, сте изгубиле природна рамнотежа во врската и поради тоа вашиот партнер почнал да чувствува притисок, затоа што смета дека не може да го задоволи она што вие го очекувате од него и уште дека никогаш нема да биде доволно добар за вас.

Вашата врска е со натпреварувачки дух

Доколку мажот треба да се натпреварува со жената во врска со контрола, не само да се чувствува очајно, туку и чувствува како губи машкост во таква врска. Не би требало мажот да ја контролира целата врска, но дајте му повеќе иницијатива и не се натпреварувајте кој ќе има поголема контрола во врската, туку најдете баланс како работите би течеле по природен пат.

Не чувствува дека го почитувате

Мажот не може да го изгради животот со жена која не го почитува. Тој мора да почувствува како е пред сите во вашиот живот, и да го прифатите таков каков што е.