Се навршуваат 20 години постоење на МНЗА
Во петок на 22 мај Македонското научно здружение за аутизам го прославува својот 20-ти роденден од своето постоење. Тоа е период кој не е ниту многу долг, но ниту многу кус. Ретки се здруженијата од ваков тип кои можат да се пофалат со ваков јубилеј. Годините наназад беа исполнети со многу премрежија на општествено политичката сцена во Македонија и тоа се рефлектираше врз работењето на здружението. Активностите беа исполнети со многу подеми и падови. Низ здружението продефилираа многу членови од кои само најупорните останаа да се грижат за спроведување на неговите цели и задачи, а тоа се следните:
· примарна превенција на лицата со аутизам;
· истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
· истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
· третирање на лица со аутизам;
· соработка со родителите на деца со аутизам;
· координација на владини и невладини организации кои работат на полето на аутизам.
· соработка со меѓународни универзитети, асоцијации на кои аутизмот им е приоритет.
Во сите овие години покажавме дека можеме да се носиме рамноправно со други вакви здруженија од ЕУ, да бидеме лидери во Македонија во областа на специјалната едукација и рехабилитација на аутистичниот спектар на нарушувања (АСН) и да се грижиме пред се` за здравјето, образованието и социјалната заштита на оваа ранлива категорија на граѓани во нашето оптество. Во сите овие 20 години се трудевме да ја зголемиме свесноста за овој проблем кај нашите граѓани, а тоа е посебно видливо во последните 10 години кога организиравме широка палета на актиновсти вкучувајќи во нашите активности естрадни ѕвезди, актери, спортисти, научници, политичари и секако семејствата кои имаат дете или лице со АСН. За оваа намена четири пати го одбележавме со големи настани „2 април – меѓунардониот ден на аутизмот“. Исто така, организиравме пет стручни научни трибини кои го третираат не само АСН туку и Down синдромот. Бевме организатори или соорганизатори на девет семинари, симпозиуми и конференции од кои повеќето и со меѓународно учество. Во наведениот период изведени се преку 250 бесплатни дијагностичко-консултативни прегледи на деца со ова нарушување. Во 2002 година беше издадена брошурата: „Правата на лицата со аутизам во Република Македонија“ која беше дистрибуирана до сите 120 членови на македонскиот парламент во тоа време.